Теа: Не сакам да страдам од его и суета

By

Поп-пејачката Теа Трајковска минатата недела го промовираше својот прв албум, насловен „Која сум јас“. Таа пет години работеше на десетте песни што се објавени на албумот. Вели дека е задоволна од сработеното и во интервју за „Репортер“ призна дека е храброст да се издаде албум во време кога од музика не се живее.

„Благодарна сум им на моите родители што во ниеден момент не се обидоа да ме предомислат кога им кажав дека сакам да бидам пејачка. Тие ми се најголемите критичари, но и најголемата поддршка. Албумот е биографски, а на голем дел од песните работев јас самата заедно со Лазар Цветкоски. Сакам сè да е совршено, па затоа прифаќам сугестии. Не сакам да страдам од его и суета и ако Лазе има подобра идеја од мене, не ја одбивам“, раскажа Теа.

За албумот, за првата песна што во трето одделение ја напишала самата за „Златно славејче“, за тоа дали е тешка како соработник и што мисли за медиумите кои повеќе пишуваат за нејзиниот стил на облекување отколку за музиката, погледнете го видеото.

Ќе ви се допадне