Викторија Лоба: Ми недостига руската зима, ама мојот свет сега е тука

Кога пред 15 години од Русија дојде да живее во Македонија, поп-пејачката Викторија Лоба со себе ги понесе руската зима и снегот за кои вели дека и денес ѝ се во сеќавање. Новогодишните празници, пак, ги памети по маскенбалите и дедомразовците што шетаат по снежните руски улици. Но, нејзиниот живот сега е овде, а лани и официјално доби македонско државјанство.

Пред неколку дена го промовира првиот албум иако таа е повеќе од десет години на музичката сцена. „Снимивме две верзии со Марга Сол. Англиската верзија за „Нов свет“ ќе ја пуштиме во сите дигитални продавници затоа што сакам сите да ме разберат бидејќи – музиката, тоа сум јас“, ни откри Лоба во интервјуто.

Освен музички, таа е ангажирана и во рекламни кампањи за познати брендови. Вели: „Математиката не ми оди, работам од љубов и имам цел, а не сакам да влезам во идентитетот на бројач на пари, иако сите финансии се добредојдени“.

Но, освен за рекламирањето на „Инстаграм“, таа ни откри и за тоа зошто сè уште не прават свадба со Ѓорѓи со кого долго време е во љубовна врска, за тоа како тој реагира на лошите коментари за неа, за престрелките на социјалните мрежи, за животот во Русија…. Гледајте го видеото.

Александра Георгиев

 

Scroll to Top