Навални тврди дека затворските стражари го мачат за да го прекине гладот со штрајк

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој неодамна бил префрлен во затвор надвор од Москва, тврди дека затворските чувари го мачат откако почнал да штрајкува со глад.

Како што тој тврди, затворските чувари во џебот му ставаат слатки, а пред него пржат пилешко и сакаат да го залажат да изеде нешто.

Претходно Навални објави за неговото влошено здравје, а штрајкот со глад вели дека го прави како обид да се избори за подобра здравствена нега.

За потсетување, Навални издржува затворска казна од 3,5 години. Судот во Москва ја замени неговата условна казна, поради случајот Ив Рошер, со вистинска затворска казна, поради повеќекратните кршења на казнените услови, а градскиот суд во Москва, на 20. февруари, ја потврди ваквата пресуда и таа сега стапила на сила.

Рускиот опозиционер има дискус хернија и го изгубил чувството во рацете. Ова го изјавија негоата адвокатка Олга Михаилова. Таа тврдела дека затворските власти, наводно, и покрај тоа што Навални се жали на лошите услови во затвор, му го скратуваат лекувањето.

Неговиот друг правен застапник, Вадим Кобзев, кој го посети Навални во средата во затворот, изјавил дека тој чувствувал силни болки додека се движи и го губи чувството во нозете, дланките и рачните зглобови.

Исто така, Козбов, тврди дека Навални дневно губи по еден килограм. Рускиот опозиционер на својот „Инстаграм“, ги напиша начините на кои чуварите се обидуваат да го скршат.

„Знаев дека властите ќе се обидат да го дискредитираат штрајкот со глад и да ме исмејат. Ме изненадува примитивноста на нивниот пристап“, објавил Навални на „Инстаграм“.

Тој додал дека го провоцираат така што пред него носат храна и го наговараат да ја изеде.

„Ајде Лекс. Ммммм, каков мирис! Откажи се, нема ништо да постигнеш“, наводно му говореле.

Навални на почетокот мислел дека тие само следеле наредби, но, потоа сватил дека тие навистина веруваат во тоа што го прават. Навални во кујната оди само за да земе вода, а особено е внимателен пред телевизиските камери, затоа што веќе го обвиниле дека неговиот штрајк со глад е измама.

Исто така Навални повторил дека му е ускратена соодветната медицинска дијагноза и дека не смеел да ги дознае неговите МРИ снимки.

Руската затворска служба ги демантирала ваквите наводи, тврдејќи дека Навални ја имал целата потребна медицинска помош во согласност со неговите медицински индикации.

Scroll to Top