9000 луѓе ќе се мобилизираат во војската! – Кој ќе добие повик, а кој ќе се извлече?

Откако во изминатите недели воените служби низ голем дел од Хрватска беа испратени покани, а со оглед на неразрешените дилеми околу враќањето на воениот рок и воведувањето на темелите на воена обука, дел од граѓаните се запрашаа за што станува збор. Но, набрзо од Министерството за одбрана објаснија дека станува збор за една од фазите на воспоставување на резерви.

Како што појаснија од Министерството за одбрана (MORH), станува збор за една од фазите на воспоставување на шест пешачки полкови резерви на Вооружените сили на Република Хрватска (OSRH), додека засега повици добиваат лицата кои се таканаречени класифицирани резерви, односно оние кои служеле воен рок, или биле во Татковинската војна во борбените единици или пак завршиле на своја рака воено оспособување, односно на оние кои веќе имаат одредена воена специјалност.

Повиците, појаснува MORH, се испраќаат на лицата до 55 години старост, а за потребите на шест полкови, ќе бидат потребни 9000 припадници на ОSRH.

Со оглед на тоа дека не може со сигурност да се знае дали сите вкупно 15.000 колку што се запишани во воената евиденција, ќе бидат испратени, или пак ќе остане на првичните 9000, излегува дека 6000 од нив сепак ќе се „извлечат“ и нема да добијат повици.

МORH истакнува дека веќе оваа година на две подрачја ќе се почне и со сериозни работи на делуваше на пешадиските полкови. Такви примери има во Сплит, кој покрива 5 полкови, и Загреб, со само 1, во текот на октомври и ноември и ќе биде изработена обука на „клучните лица и критичната военостручна специјалност“.
Се работи за оспособување од четири дена, а со тоа и десетдневна обука ќе минат пешадиската чета од формација на баталјон.

Според податоците на MORH, за оваа година предвидени се околу милион и половина куни од државниот буџет. Како неслужбено се дознава, тоа би требало да биде доволно за обука на околу 150 луѓе, веќе споменатите обврзници од Загреб и Сплит.

Целата работа, предвидено е, да продолжи и во следните години, додека не се направи комплетно шест пешадиски резервни полкови, кои во случајот на потреба, би значеле 9000 лица повеќе, но останува прашањето за надокнада за работодавците, кои сигурно нема благонаклонето да гледаат на сите тие воени вежби.

Експертите истакнуваат дека одлуката за оспособување на резервите е од големо значење на Хрватска затоа што се работи за облик на помошни воени организации, кои досега настанале исклучиво на хартија, што беше главен извор на проблемите и нејаснотиите, со кои се соочени оние кои ги примиле повиците.

Добрите познавачи на системот, нагласуваат дека, со оглед на досегашните повици, ќе биде важно да се сензибилизираат и работодавците и со нив да се договори системот на надокнада на оправдан изостанок на вработените кои се јавија на повикот.

Scroll to Top