Политичарот Адолф Хитлер Унона победил на регионалните избори во Намибија и освоил место во локалниот совет, јавуваат светските медиуми.
Хитлер, со 85 % од гласовите, стигнал до функција во Ошана, која некогаш била колонија на Германија. Повеќето луѓе што живеат таму, како и улиците и локациите, носат германски имиња.
Овој политичар е член на партијата SWAPO, која е на чело на Намибија уште од 1990 година кога таа земја прогласила независност. Како што пренесува германски „Билд“, таа нема никаква врска со нацистичката идеологија на онаа од триесеттите и четириесеттите години на минатиот век.
„Мојот татко ми го даде името по тој човек. Веројатно не знаел што претставува Адолф Хитлер. Како дете ми се чинеше нормално име. Но, кога станав тинејџер, сфатив која стигма ја влече со себе и дека тој човек сакал да го освои светот“, изјавил Хитлер, а пренесува „Дејли мејл“.
Тој истакнал дека сопругата го нарекувала Адолф, но дека обично се претставува како Адолф Унона, иако сега е доцна легално да го промени името.
„Тоа што се нарекувам Адолф Хитлер не значи дека сакам да ја освојам Ошана. Ова не значи дека сакам да доминирам со светот“, изјавил овој политичар од Намибија.
На изборите Хитлер освоил 1.196 гласа, а неговиот противкандидат 213.