Аеродром на масоните во Денвер со писти како кукест крст и подземни тунели

By

Замислете, по излегувањето од авионот, во ходниците да ве дочекаат деца од Аушвиц, маскирани војници со гас-маски, слики од психотични хорор-филмови и големи сини статуи од коњи чии црвени очи, кои ококорено сјаат во ноќта?

Оној што нема да се информира дека стигнал во Денвер, би помислил дека е пред вратите на пеколот, но не, ова е само еден обичен аеродром. Па, добро, можеби и не е.

Дали во себе крие некоја ужасна тајна или не, ова место сепак е шампион во теориите на заговор. Како што изгледа, само прашање е дали овој пат фантазијата направила чудо.

Писти-свастика и логор за идниот холокауст

Прво и основно, на никој во животот не му било јасно зошто во Денвер се гради аеродром покрај „Стејплтон“, кој сосема добро ја извршува функцијата.

Второ, изградбата на бизарниот аеродром, кој е отворен во 1995 година, чинел 4,8 милијарди долари. Далеку поскап во оној од САД.

Трето, сè што се наоѓа во и околу него благо речено е чудно. Застрашувачко. Случајно или намерно?

Од воздух со голо око се гледа дека пистите изгледаат како кукест крст. Експертите велат дека таквиот изглед на пистата никаде во светот не е забележан.

Сликите од ходниците како да го најавуваат новиот холокауст поради што многу теоретичари на заговор тврдат дека токму во Денвер, на аеродромот, ќе има некој нареден концентрационен логор.

 

Масонски тунели и тајниот број 33

Под аеродромот се крие цела мрежа на тунели. Претставниците на градот велат дека јавноста знае сè, односно дека во тунелите се користи железнички систем на градот.

Тие со побујна фантазија, можеби и не без покритие, тврдат дека тунелите ги користат масоните за своите обреди и состаноци.

Има сè повеќе луѓе што мавтаат со некакви докази дека тој подземен систем на аеродромот всушност ќе биде засолниште за светската елита во случај на нуклеарна војна.

На аеродромот се наоѓа меморијална плоча со масонски симболи. Тука е и благодарноста од матичната организација: Комисијата за аеродромот „Нов свет“.

 

Ќе ви се допадне