Агентот на ЦИА, Марк Полимеропулос, вели дека бил цел на некаков напад од страна на Русите додека престојувал во хотел во Москва, пишува српски „Курир“.
Тој се разбудил во хотелска соба во Москва во декември 2017 година со вртоглавица и ѕвонење во ушите. Не знаел што му се случува и мислел дека му е дојден крајот.
„Бев ранет повеќепати, но ова ми беше најстрашното искуство во животот. Не можев да стојам, ми беше мака, како да умирам. Не можев да стојам. Ова ми беше најзастрашувачко искуство во животот“, изјавил тој за Би-би-си.
Полимеропулос минал неколку години во Ирак, Сирија и во Авганистан како висок офицер во борба против тероризмот. Тој е убеден дека таа ноќ во хотелската соба во Москва бил цел на тајно руско микробраново оружје.
Би-би-си пренесува дека по руското мешање во американските избори во 2016 година, Централната известувачка агенција на своите агенти им наредила да бидат подготвени и да возвратат во случај на некаков напад.
Полимеропулос во декември 2017 година одлучил да ја посети Москва, но не во тајност, туку го искористил регуларниот состанок меѓу руските и американските известувачки официјални претставници сакајќи самостојно да ја обиколат најголемата земја на светот.
„Не бев на задача. Русите не беа воодушевени со моето доаѓање, но се согласија. Се разболев веднаш кога пристигнав во Москва. Вртоглавиците ги снема откако се вратив во Америка, но другите симптоми траат до ден-денес. Веќе три години имам мигрена. Не можев да работам и морав да се пензионирам“, изјавил Полимепропулос, кој веќе 26 години работи во ЦИА и кој бил шеф на операциите во Европа и Азија.
Тој работел на откривање руски агнти, вклучително и во истрагата во труењето на двојниот руски агент Сергеј Скрипаљ во Англија во 2018 година.
Овој случај многу потсетува на случувањата на Хаваи од 2016 година кога група американски дипломати, како и неколку Канаѓани, се пожалиле на здравствени проблеми. Кај некои се јавила силна болка во главата, а други се пожалиле на силен притисок поради што имале и чести вртоглавици. Оваа состојба бргу добила име хавански синдром.
Американската академија на науките во декември 2020 година ги објавила резултатите од првата темелна истрага во овој случај, кој привлече големо внимание во јавноста.
„Комитетот заклучил дека споменатите симптоми не се последица на труење или психолошки проблеми“, е наведено во извештајот.
„Откривме дека група индивидуи споделија многу невообичаени и разни клинички наоди на почетокот на болеста и токму тоа нè доведе до овој заклучок“, изјавил професорот Дејвид А. Рилман од Универзитетот „Стенфорд“, кој бил на чело на панелот.