Агенти на ЦИА тврдат дека Хитлер бил геј

Адолф Хитлер бил хомосексуалец и младоста ја минал во хостел за кој се знаело дека одат мажи „што бараат хомосексуално задоволство“, стои во тајните документи на ЦИА, пишува „Дејли стар“. Ваквите документи се спротивни на тоа што го знае јавноста, дека Хитлер е лицемерен безобразен диктатор, кој брутално ги прогонувал хомосексуалците кога станал лидер на Третиот рајх. Тој бил одговорен за смртта на 15.000 хомосексуалци кои ги испратил во концетнрациони логори. Хитлер во еден момент за хомосексуалците изјавил дека се опасни како чума.

Тајните досиеја на ЦИА за нацистичкиот лидер Адолф Хитлер го откриваат неговиот профил направен во 1942 година, за време на Втората светска војна. Досието имало ознака „строго доверливо“, а е направено од Канцеларијата за стратешки услуги, организација која ѝ претходела на ЦИА. Документите се составени речиси една година откако САД влегле во војната.

Во извештаите пишува дека Хитлер се запознал со млади жигола за време на својот престој во Виена, пред Првата светска војна. Неговата сексуалност е тема на бројни расправи веќе половина век, а историчарите и биографите се обидуваат да ја откријат мистеријата за нацистичкиот лидер уште од неговото самоубиство на крајот на Втората светска војна. Во документите се наведува дека Хитлер го привлекувале тинејџери, но и дека немал хомосексуални врски во времето додека престојувал во Виена.

Познато е дека Хитлер имал долга љубовна врска со Ева Браун, а постојат и гласишта дека имал афера со неговата внука Гели Раубал.

„Информациите кои стигнаа до мене ме наведоа да сметам дека Хитлер е садомазохистички тип на човек кој има можност за хомосексуални тенденции во себе“, стои во досието. Таму пишува и дека нацистичкиот лидер имал сексуална привлечност кон Рудолф Хес, неговиот заменик, кој е заробен 1941 година. Прекарот на Хес бил „госпоѓица Ана“, поради неговите навики на баловите да доаѓа облечен како жена.

Scroll to Top