Албанскиот терорист, кој го изврши нападот во Виена, имал конкретна цел: откриени нови детали од истрагата

By

Терористот, кој на 2 ноември во Виена уби четворица и повреди повеќе од дваесетина лица, имал конкретна цел, но и соучесници, покажува истрагата, која сè уште е во тек.

Австриецот со македонско-албанско потекло, Кујтим Фејзулај, кој вооружен влезе во центарот на градот, па почна да пука на луѓето на улиците, на почетокот се претпоставуваше дека неговите цели ги избирал по случаен избор.

Според пишувањето на дневникот „Курир“, неговата цел требало да биде познатиот луксузен ресторан Le Salzgries. Терористот на денот на нападот се обидел, но безуспешно, да се јави телефонски во ресторанот.

Видеоснимките покажуваат дека тој пред првите испукани куршуми стоел пред затворениот ресторан. Кога се јавил, како што пренесуваат медиумите, со него биле уште двајца пријатели.

Со него бил Бурак К., кој претходно со него се обидел заедно да замине за Сирија, каде што требало да им се приклучи на членовите на Исламската држава.

Бурак, наводно, го оставил терористот на одредено место, со повеќе предмети, меѓу кои и нож. Истрагата покажала дека Бурак на денот на терористичкиот напад на својот пријател преку „Гугл“ се обидел да дознае како може да ги врати фабричките нагодувања на неговиот мобилен телефон. Во телефонот, како што пишува „Курир“, пронајдени се докази дека тој имал соучесници.

Како што пренесуваат медиумите, имало луѓе што и претходно знаеле за неговиот крвав план.

 

 

 

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX animeflix sword art online: Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) Episode 10

AnimeTV animetv jp: So I'm a Spider, So What? Episode 15