Америка развива биолошко оружје низ лабораториите во светот, обвинува секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев

Русија има сериозна причина да верува дека во биолошките лаборатории кои се појавиле ширум светот и кои се под контрола на Америка, се работи на биолошко оружје. Ова го истакнал секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

Тој во интервју за „Комерсант“ изјавил дека тие лаборатории главно се појавуваат во близина на границата на Русија и Кина.

„Нè убедуваат дека станува збор за истражувачки центри, во кои Американците им помагаат на локалните научници да пронајдат нови начини на борба против опасните болести. Вистината е дека, властите во државите каде што се наоѓаат овие објекти ја немаат вистинската слика за тоа што во нив се случува“, изјавил Патрушев.

Исто така тој укажал дека во областите каде што постојат такви лаборатории, се појавуваат болести кои се нетипични за тие региони. Патрушев исто така изјавил дека САД не брзаат да го уништат хемиското оружје и дека ги продолжиле роковите за негова ликвидација до 2023 година, а истовремено ја обвинуваат Русија која нема такво оружје.

„Америка првично имала помалку хемиско оружје од Русија, за третина, но ние повеќе го немаме, а кај нив, ете го во магацините. Тие го уништуваат без ентузијазам и ги продолжија роковите до 2023 година. Организациите за забрана на хемиско оружје не се загрижени поради таквите ситуации. Не им ги поставуваат вистинските прашања на одговорните во Вашингтон“, изјавил тој.

Патрушев говорел и за бројните аспекти од американско-руските односи, за кои оценил дека во моментов се наоѓаат на најниско ниво од времето на Студената војна.

„Тргнуваме од премисата дека во денешната комплексна меѓународна ситуација сценариото за нормализирање на нашите односи би било оптимално. Тоа би одговарало не само на интересите на Москва и Вашингтон, туку би било подобро за целото човештво“, изјавил Патрушев.

Високиот руски официјален претставник ги коментирал и изјавите на американските претседател Џо Бајден, на сметка на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој истакнал дека Русија не сака таквите изјави, да ги уништат перспективите на руско-американските средби на највисоко ниво. Тој објасни дека таквиот вординг е без преседан и изразил надеж дека во Вашингтон ја разбираат ваквата ситуација.

Тој додал дека Кремљ не очекува извинување од страна на Американците. За потсетување, Бајден во неодамнешното интервју изјавил дека руското раководство ќе мора да ја плати цената во врска со обидите за мешање во американските избори, кои ги припиша на Москва.

Освен тоа, шефот на Белата куќа, го нарече и рускиот претседател Владимир Путин, убиец.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на таквата негова изјава му посака само добро здравје. Подоцна тој предложи да имаат и јавна онлајн дискусија, нешто што Бајден го одби.

Scroll to Top