Америка се обидела да детонира нуклеарно оружје на Месечината

Пензионираниот полковник на Воздухопловните сили на САД, Рос Дедриксон, тврди дека американската влада се обидува да детонира нуклеарно оружје на Месечината, но дека вонземјаните ги спречиле во тоа.

Во 50-тите години од минатиот век негова одговорност била исклучиво одржување на инвентарот на нуклеарните залихи на оружје и придружните тимови што ја проверувале безбедноста на оружјето.

Мејнстрим медиумите објавиле извештај од центарот на Воздухопловните сили за нуклеарно вооружување од јуни 1959 година кој покажува колку овој план, под името „Проект А1119“, бил сфатен сериозно.

Тие сакале да ја истражат силата на нуклеарното оружје во вселената и да стекнат подобар увид во  вселенското опкружување и големината на детонацијата.

Рос истакнува дека неговите надлежни сакале да одат чекор понатаму, со активности финансирани од „Црниот буџет“.

Интересно е како во многубројните телевизиски емисии не се појавил американскиот полковник кој бил на главната позиција во одделот за енергетика во текот на неколкуте години во кои се планирал овој нуклеарен развој.

Полковникот нагласил дека дознал и за инцидентите во кои биле вклучени нуклеарните боеви глави, а во некои станувало збор и за нуклеарни бомби испратени во вселената кои биле уништени од страна на вонземјаните.

„На крајот на 70-тите и раните 80-ти години од минатиот век се обидовме да го активираме нуклеарното оружје на Месечината и да предизвикаме експлозија со цел да спроведеме научни мерења, нешто што не беше прифатливо за вонземјаните. Тие го уништија оружјето пред да стигне на Месечината“.

Погледнете го интервјуто со полковник Дедриксон:

 

 

 

Scroll to Top