Американка со ДНК анализа ќе докажува дека е ќерка на Џон Кенеди и Мерилин Монро

Американката Гледис Бејкер Морис тврди дека е ќерка на холивудската ѕвезда Мерилин Монро и убиениот американски претседател Џон Кенеди. Таа најголемиот дел од животот верувала дека е далечна роднина на починатата глумица заради неверојатната сличност меѓу нив, но и затоа што мислела дека е ќерка на Мередит Бејкер, братучетка на Монро, пишуваат американските медиуми. Гледис неодамна почнала постапка за докажување на роднинската поврзаност и побарала да се направи ДНК-анализа што ќе покаже ќерка на Монро и Кенеди.

И гинекологот на познатата глумица тврдеше дека Мерилин во јуни 1961 година му родила ќерка на претседателот Кенеди, откако претходно имала два спонтани абортуса.

За медиумите Гледис рекла дека сака да го открие своето потекло откако Мередит на смртната постела ѝ признала дека е посвоена и дека таа е резултат на забранетата љубов меѓу Монро и Кенеди.

„Ми рече дека Мерилин се плашела дека браќата Кенеди ќе ја убијат и неа и мене ако дознаат за бременоста, така што се породила во тајност, а брзо по раѓањето ме сокрила кај Мередит, која ми беше мајка цел живот“, рекла Глeдис.

Откако ги пронашла документите дека навистина е посвоена, Глeдис ја привршува постапката на докажување на роднинските врски со починатата глумица и убиениот претседател на Америка.

Aко се утврди дека навистина е ќерка на Мерилин и Џон, се проценува дека ќе добие 100 милиони долари, колку што изнесува богатството на познатата актерка, а кое годишно се зголемува за пет милиони.

Scroll to Top