Американска новинарка го открила изворот на прилив на пари на Исламската држава

Новинарка на Њујорк Тајмс Рукмини Калимачи, пет пати била во посета на Ирак, за време на воените дејствија. Таа ги пребарувала напуштените канцеларии на Исламската држава. Калимачи, во тие моменти открила илјадници документи кои џихадистите ги оставиле зад себе, по падот на калифатот. Неколку недели подоцна, откако исламистите завладеале со Мосулом во 2014 година, сите додогашни ирачки државни службеници биле повикани да се вратат на работа, но овој пат тие работеле за терористите. Немале право на избор, а оние кои ќе одбиеле да работат, биле казнети.

Војниците кои само три години претходно излегле од пустината оформирле држава која не била признаена од никого освен од самите нив. ИД три години владеела со територија која била со големина на Велика Британија и имала 12 милиони луѓе.

Од прогласувањето на калифатот во 2014 година, ИД завладеала со големи делови на Ирак и Сирија. Своето најголемо достигнување ИД го постигнало со освојување на 150 километри од либискиот брег, дел од нигериските шуми и еден град на Филипините. Мосул бил бил најголемиот град кој бил под контрола на ИД.

 Поголемиот дел од територијата била ослободена по повлекувањето на ИД од Мосул и Ркаа во 2017 година, а тоа што го оставиле зад себе, дало одговор на прашањето како успеале толку долго да се одржат на власт.

Дел од одговорот на тоа прашање се наоѓало во документите на ИД. Калимачи од окупираните згради, од канцелариите, судовите, полициските станици и камповите за обука во Ирак, извлекла повеќе од 15.000 страници интерни документи на ИД.

Документите биле собрани со дозвола и во придружба на ирачките сили на безбедност. Документите 15 месеци ги преведвале и анализирале шест експерти за ИД и тероризмот, вклучувајќи ги и експертите од Центарот за борба против тероризмот на американската воена академија на Вест поинт.

Документите откриваат внатрешно функционирање на комплексниот систем на исламистичката влада. Исламистите владееле о помош на два комплементарни алати. Првиот бил бруталност, а вториот бирократија. ИД изградила ефикасна администрација која ги собирала даноците и имала свои комунални претпријатија. Тие издавале сопствени изводи од матичните книги на родени и регистрациски таблици за возилата.

Според документите и изјавите на луѓето кои живееле под власта на ИСИС, некои од услугите под ИД биле подобри од оние од претходната влада.

Истите извори потврдуваат дека добро ги користеле грешките на САД по инвазијата на Ирак во 2003 година, кога со положбите на истераните членови владеела партијата на Садам Хусеин.

Исламистите во наредните 10 години освоиле поголеми делови од Ирак и Сирија, а тогаш се свртеле кон нова тактика. Својата држава ја изградиле на грбот на претходната влада, а во новата држава го апсорбирале постоечко административно знаење.

Еден од клучните моменти на нивниот успех бил нивниот систем на внимателност. Милитантите само од данокот на земјоделството собрале стотина милиони долари.

И покрај утврденото мислење, исламистите самите се финансирале и не биле зависни од странски донации. На позициите во државите установено под ИД биле оставени само сунитите, членовите на исламската секта, кои практицираат и милитанти. Сите христијани и шеити избегале. Планот на милитантите бил да го воспостават калифатот, нешто што постојано го споменувал и Осама бин Ладен. Се рабтои за друштво кое постоело повеќе од илјада години, во времето на пророкот Мухамед.

Документите покажуваат дека џихадистите од даноците заработувале шест пати повеќе отколку од продажбата на нафтата на црниот пазар. Поради тоа се обидот на западната коалиција да ја исфрли Исламската држава од регионот бомбардирајќи ги нафтените постројки не вродиле со плод. Тие Мосул го напуштиле минатото лето, по битката која некои ја споредија со најлошата битка во Втората светска војна.

Милитантите забраниле жените да работат и ги затвориле градинките во рамки на министерствата, како и правните служби. Сите правни работи ги решавале преку Божјиот закон.

На државните службеници им било забрането да се бричат. ИД издавал брошури кои покажувале дека мора да бидат облечени како другарите на Мухамед пред 1400 години.

 

 

Scroll to Top