Американската коалиција со фосфорни бомби ја бомбардираше болницата во сириски Раки

БОМБАРДИРАЊЕТО НА НЕКОИ ОДДЛЕНИЕ И ВОЗИЛА НА ИТНА ПОМОШ – СО ФОСФОР Е ЗАБРАНЕТО СО МЕЃУНАРОДНА КОНВЕНЦИЈА

Воздухопловството на американската коалиција употреби фосфорни бомби за удар по болницата во сирискиот град Раки. Сириската државна новинска агенција САНА, која ова го објави, се повика на Дина ал – Асад, заменик шефот на локалното одделение на Црвената полумесечина.

Таа посведочи дека таа болница била бомбардирана со повеќе од 20 такви бомби. Нагласи и дека метата била екектрогенератори кола на итната помош и некои одделенија од самата болница.

Дина нагласи дека внатре во болницата немало терористи од Исламската држава.

Метата била болница која служи за 100.000 жители на Рака.

Со користењето на бомби и проектили наполнети со фосфор е забрането со меѓународни договори.

Повеќе западни медиуми во последните месеци пишуваа дека американската коалиција користи забранет бел фосфор за да од Рака ги исфрли терористите на ИСИС.

САНА објави дека американската коалиција на 9 јуни, ја погодила Рака со фосфорни бомби, и наведе дека во тие моменти загинале 17 цивили.

Американската коалиција призна дека досега 624 цивили во Ирак и Сирија биле колатерална штета од нејзиното војување против Исламската држава. Многу веројатно е дека бројот на убиени терористи бил многу помал.

Во Ирак и Сирија, во ова никој не верува, затоа што бројот на жртви бил неколку пати поголем.

 

Scroll to Top