Американски историчар призна дека ширел пропаганда за САД полесно ја бомбардира Југославија

By

Еден од повлијателните современи историчари и професор на Универзитетот Јејл, Семјуел Мојн, вели дека за време на бомбардирањето на Југославија, работел во Белата куќа како стажист и дека продавал приказни кои биле објавувани во весникот „Вашингтон пост“, за да може НАТО полесно ја бомбардира Југославија.

Тој вели дека сакал интернационализмот се поклопи со будењето на прогресивните политики, но дури по ирачката војна сватил дека во неговите дваесетти години, тој бил ангажиран за нешто што подоцна ќе има ужасни последици.

„Тоа беше продавање на војна и објаснување на нејзините доблести. Мојот момент на вистина дојде малку подоцна. Моето пишување за човековите права е и начин на саморефлексија за сите тие настани“

Семјуел вели дека во време на бомбардирањето на Југославија, тој имал задача наречена јавна дипломатија. Требало на новинарите да им достави поедини факти за војната.

„Се разбира дека не ги објавував сите факти, туку само оние кои биле наклонети на нашето претставување на војната. Проблемот е во тоа што имаше малку независни новинарски потраги за фактите. Во време на Виетнам, новинарите барале повеќе сопствена вистина, што сега не е случај со американските војни“, оценува професорот.

Тој смета дека е точно тоа што бомбардирањето на Југославија немало свој Симон Херши, кој со своето истражуање го рушел доминантниот наратив во виетнамската војна.

Говорејќи за тоа дека интервенциите во светот се случувале без поддршка на Обединетите Нации, тој вели дека ситуацијата по 1989 година, зборува за сè помалото ограничување на војната на големите сили.

„Тоа особено се случува кога постојаните членки на Советот за безбедност водат војни, како што беше примерот со Русија на Крим. Мислам дека американската исклучителност сè помалку се грижи за мирот, а повеќе за хуманоста. Американците се грижат за тоа како ќе бидат третирани заробениците или колку цивили ќе бидат убиени од дронови, но не делува дека се грижат за бесконечната војна како таква“, оценува Мојн.

Тој смета дека имало малку успешни хуманитарни интервенции во светот, кои допринеле до тоа да се намалат проблемите и прашањата и дека на тој начин се покажал неуспехот на политичарите.

Професорот оценува и дека интелектуалците во деведесетите години, пропуштиле да го видат она што навистина се случувао, а тоа било будење на имеријалниот свет, по крајот на билатералното уредување на Студената војна.

„Интелектуалците допринеле на создавање на мит дека ќе има морален крај на историјата. Денес можеме да ги видиме мрачните сили на дело“, заклучува историчарот.

 

 

 

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX animeflix free: Watch Naruto Episode 126 (https://animeflix.nl/m/R3dg/ep-126)

AniWatch free anime: Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. (https://aniwatch.pro/m/XzK4) Episode 2