Американските обвинители имаат доволно докази да го затворат принцот Ендру на долг период

By

Американските обвинители имаат доволно докази за да го затворат синот на британската кралица Елизабета, принцот Ендру, на долг период во затвор, пишува американскиот магазин Globe.

Против војдата од Јорк минатата година беа упатени сериозни обвинувања дека и тој учествувал во педофилскиот синџир, кој го предводел починатиот милијардер Џефри Епштајн.

Иако принцот ги негирал обвинувањата, сè повеќе луѓе се сомневаат во него, а некои од американските таблоиди пишуваат дека сега тој може да се соочи со долгогодишна казна затвор.

Анонимен извор за Globe открива дека алибито што треба да го спаси принцот од обвинувањата било многу слабо. Американските обвинители имаат доволно за да го стават во затвор, открива изворот додавајќи дека и самата кралица го убедувала Ендру да се договори со обвинителите.

„Кралицата не сака семејството дополнително да биде изложено на јавен срам“, вели изворот.

Една од клучните личности, која би можела да му пресуди на принцот, покрај сведочењето на жртвите, е Гислејн Максвел, жената што пред да умре Епштајн беше позната како негова десна рака.

Таа наводно би требало да го разоткрие моментот додека била во врска со принцот и како тој доаѓал до контакт со малолетни девојки. Максвел била таа што му набавувала малолетни девојки на Епштајн, кој потоа тој ги продавал за секс на познати политичари, бизнисмени, глумци и други.

Меѓу нив биле и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, глумецот Кевин Спејси, но и принцот Ендру.

За потетување, најмногу прашина во јавноста крена сведочењето на Вирџинија Роберт, жената што имала само 17 години кога имала секс со британскиот приц Ендру.

„Доживеа екстаза додека имавме секс. Се концентрира на моите прсти на нозете. Тоа беа најлудите 10 минути во мојот живот“, посочила Робертс во своите изјави.

 

 

 

Ќе ви се допадне

Animepahe Watch english anime Online in HD for FREE

AnimeKisa: PriPri Chi-chan!! anime episode 36 online free at https://animekisa.in anime stream

Bakuon!! (https://animeflix.nl/m/gq6) Episode 12

KissAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

360cities: https://www.360cities.net/profile/kissanmiemx

Wakelet: https://wakelet.com/@gogoanimelol