Американците џабе прават вакцина, никој во САД не сака да ја прими, руската им била побезбедна

Две третини од американските гласачи велат дека не сакаат да се вакцинираат против коронавирусот. Секој четврт Американец вели дека не сака да ја прими вакцината против Ковид 19, откако таа ќе стане достапна за сите, пишува српски Курир.

Ова го покажува новата анкета објавена истата недела кога било направено истражувањто.

„Не планирам да бидам ничие заморче. Воопшто не планирам да ја примам“, изјавил Ебони Дју, од државата Мериленд.

Загриженоста на голем број Американци ја споделуваат и некои од експертите, кои ја доведуваат во прашање безбедноста на потенцијалната вакцина.

„Чувствувам дека нивните тестирања и обиди се грешни. Сметам дека тие не знаат толку многу за овој вирус, па како тогаш можат да создадат лек за него?“, прашува Дју.

Анкетата само ги потврдува резултатите и од претходните истражувања спроведени во изминатите неколку месеци. Тие покажуваат дека мнозинството Американци не веруваат во напорите на администрацијата на Трамп, да го убрза развојот на вакцина против коронавирус.

Значаен дел од земјата, генерално се противи на имунизација од кој било вид, пренесуваат светските медиуми.

Од друга страна, во американското научно списание Lanset биле објавени резултатите од две клинички тестирања на руската вакцина „Спутник“. Шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев изјавил дека руската вакцина се покажала како ефикасна.

„Објавувањето во еден од најпризнатите медицински списанија во светот Lanset ја потврдува високата безбедност и ефикасност на руската вакцина и претставува признание за светската заедница на руските научници“, изјавил Дмитриев.

 Извор/Курир.рс
Scroll to Top