Американците го затворија затворот во кој се уби Епстајн и во кој беше сместен Ел Чапо

Американската влада соопшти дека федералниот затвор во Њујорк во кој се уби милијардерот педофил Епстајн и во кој беше сместен и најозлогласниот наркошеф Ел Чапо ќе биде затворен.

Објектот се затвора поради низата проблеми кои излегоа на виделина по самоубиството на Џефри Епстајн, кои се обеси во својата ќелија пред две години.

Од Федералното биро за затвори велат дека Метрополитен поправниот центар ќе биде привремено затворен заради решавање на прашања кои долго време го мачат овој објект, вклучувајќи ја слабата безбедност и нарушената инфраструктура.

Во настојување што побрзо и поефикасно да се решат проблемите во Метрополитен поправниот центар во Њујорк, одлучено е овој затвор биде затворен, барем привремено, додека прашањата не се решат, рече портпаролот, а пренесува „Си-би-си њуз“.

Тие не ги прецизираа специфичните прашања со кои одделението сака да се позанимава. Не е јасно каде во меѓувреме ќе бидат сместени затворениците. Низ годините меѓу затворениците имало и затвореници кои биле блиски соработници со Осама бин Ладен, како и Ел Чапо.

Ел Чапо е познат по бегствата од затвор и е држен таму за време на судењето кое се случи во Бруклин во 2019 година.

Scroll to Top