АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА АПОКАЛИПСА – Во ова движење учествуваат 3 милиони луѓе, подготвени да преживеат

PPREOOERS Движењето мрази глобалисти, затоа што се независни, и со нив не може да се манипулира како со обичните луѓе. Движењето се шири со молскавична брзина. Се ближи навистина некоја голема несреќа и катастрофа?

Американците веќе долга низа на години чувствуваат дека состојбата во светот, а особено во нивната земја, не иде баш во најдобар правец. Така пред неколку години се појави многу изненадувачкото движење „preppers“, односно движење кое се подготвува за вистинска апокалипса.

Имено, имаат и зошто тоа го прават, затоа што за нив освен економијата која секој час може да колабрира, се плашат и од војната во која најверојатно империјалистичките власти ќе не вовлечат, системот на паника и од временските непогоди. Земјотресите цунамита, вулканите, торнадата, нуклеарната војна, се се тоа причини кои во овој момент, неверојатен број на Американци, повеќе од 3 милиони се подготвуваат за вистинска апокалипса.

Овие луѓе целиот живот се подготвуваат за крајот на светот, за кој се надеваат дека ќе го избегнат, затоа што се подготвиле. Така многу од нив градат подземни бункери, илјадници долари вложуваат во храна и вода, и се што им е потребно за да преживеат низ годините по апокалипсата.

Се подготвуваат за цели семејства, а ова движење расте од ден во ден. Поранешниот полицаец, Џеј Белвинс, вели дека поседува засолниште во својот дом, каде ги собира залихите муниција и медицински помагала, храна и вода. Покрај тоа, тука се и вреќите за спиење, шаторите, генераторите за струја, и канстерите со гориво.

Тој исто така вели дека секој член од неговото семејство поседува посебен ранец, во случај да непредвидено мораат да го напуштат домот. Тие со другите семејства редовно тренираат за случај на можна катастрофа, и социјални нереди.

Луѓето како него некогаш биле некогаш биле исклучоци од друштвото и не биле сфатени сериозно. Денеска повеќе од 3 милиони Американци се подготвуваат за можна катастрофа.

Некои од нив одгледуваат животни кои би можеле да бидат извор на храна, како на пример зајци. Некои од нив дури ги учат своите деца да користат лук и стрела во случај да бидат приморани да ловат.

Според зборовите на Тима и Мери Ралстон од Аризона, тие поседуваат залихи на храна во скриената колиба каде би можеле да преживеат и до година дена без надворешна помош. Тоа говори дека поседуваат и богат арсенал на оружје, како и дека сите членови од неговото семејство знаат да користат оружје.

Ралстон изјави дека целта на нивната заедница е да луѓето бидат подготвени на било какво можно сценарио и да сите ги држат заедно.

Овој проект се шири со молскавична брзина во САД, па тоа можеби е една од најавите дека сепак нешто ќе се случи во блиска иднина.

Што мислите, дали е во прашање неоснована паника, или сите треба да се угледаме на нивниот пример и да се подготвиме за вакво нешто? И животните подготвуваат залихи за храна, зошто не и вие?! Само паметен човек е подготвен.

Зона на самракот: Засолниште

Ве молиме издвојте време и погледнете ги овие 23 минути видео епизоди од Зона на Самракот. Во неа е прикажана групата на блиски пријатели кои слушнале на радио дека непријателските ракети се на пат, и дека мораат да се засолнат во рок од 30 минути. Комуналните услуги веќе биле угаснати. Еден од нив тоа го предвидел и изградил засолниште и направил залихи на храна и роба, за него, неговата жена и дете. Неговите пријатели, сепак, никогаш не се подготвувале. Нема да ви го кажеме остатокот од приказната, но ова е вистинско сознание за тоа како човечкото суштество реагира кога е фатен во тесно. На крајот на епизодата се прашувате клучното прашање: Која страна на огнот ќе ви биде за време на големата криза?

Scroll to Top