Амиш доби шестгодишна робија, затоа што ги одгледувал и продавал своите билни лекови

By

Утрото на 30 јуни 2017 година, сојузниот судија, осуди Амиш, маж на шест години затвор.

Неговите злочини се: изработка и продажба на билни здравствени производи, кои не биле „адекватно означени“, и биле опструирани од страна на сојузната агенција.

Според порталот „The Daily Sheeple.com. фармерот, Самуел А. Гирод од округот Кентаки, осуден е на 13 март за одгледување, производство и продажба на билни додатоци, и тоа без одобрение од Администрацијата за храна и лекови (FDA). Освен тоа, Гирод исто така е обвинет поради закана кон лицето кое се обидело да ги открие релативните информации за неговите илегални активности на поротата.

Иако неодамна беше осуден, Гирод за прв пат добил предупредување од FDA, во 2013 година, поради природата на својата работа во округот Батх.

Сојузниот суд во Мисури, му нареди да престане да ги дистрибуира своите производи, се додека FDA не ги прегледа неговите производи.

Кога двата FDA агенти се обиделе да ја проверат семејната фарама на Гирод, им било забрането да влезат на приватниот посед, по што си заминале. Обраќајки им се на собраните во судницата, тој избрал да самиот себе си се брани, велејќи дека FDA прописите, не можат да се применат и на неговите производи, затоа што тоа се билни лекови, а не фармацевски. Тој додаде дека, како припадник од старото потекло на Амиш верата, со барањето за одобрение, FDA ја крши неговата верска слобода.

Неговите производи, вклучувале билни лекови за болести на кожата и синусите. Како што е наведено во обвинението, еден одреден производ, TO-MORGONE, истакнува дека има корозивно, каустично влијание на човечката кожа, и поради тоа што содржи екстракт билка со Црвен корен (крвав корен). За еден негов друг производ кој го продавал, тврдел дека го лечи ракот.

Поротата одлучи дека билниот лек TO-MOR-GONE, дека покрај недостатокот на предупредувањата во врска со неговото користење, како и дозирањето и начинот на пробување, кое се препорачува на самиот пакет, е опасно по здравјето.

Откако ќе ја отслужи својата затворска казна од шест години, тој ќе биде подложен на надзор од три години, во кој ќе треба да избегнува производство и дистрибуција на своите производи, во спротивно ќе заврши во затвор до смрт. Освен тоа, ќе мора да плати и казна од 14.000 долари и 1300 долари за такси.

Неговите поддржувачи, од кој 75 стоеле пред зградата на судот во центарот на Лехингтон, изразија разочарување од пресудата.

Говорејќи за Kentucky.com, Ричард Мак, со потекло од државата Аризона, тоа го нарекол „национална срамота и навреда“, со напомена дека го користел производот „Chickweed Healing Salve“ без било какви последици. Поранешниот шериф и политички активист, изјави дека судијата и поротата „создале криминалец од добар граѓанин кој го почитува законот, и дека Гирон е „казнет поради неговата тврдоглавост“.

Оваа тврдоглавост, според окружниот судија Дени Ревес, е она што довело до негова осуда. Судијата изјавил за Kentucky.com дека Гирод добил толкава казна, „затоа што упорно одбивал да го почитува законот“.

Мајкл Фокс, заменик адвокатот изјави дека казната длабоко ќе влијае на Гирод. „Имајте на ум дека тој е Амиш. Тој не живее со струја, телефон, бетон, челик. Тие не се нормални; тие не се природни во неговиот живот. Затворскат аказа во окружниот затвор ќе биде казна многу потешка за него, отколку за нормално лице“, изјави Фокс.

 

Ќе ви се допадне