Асанж доживеал мозочен удар во затвор, рече неговата свршеница

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доживеал мозочен удар во затворот, рече неговата свршеница. Тој доживеал удар поради екстремниот стрес на кој бил изложен додека бил во британскиот затвор и го чекал испорачувањето во САД.

Неговата свршеница Стела Морис, рече дека му бил дијагностициран Транзиторен исхемичен напад, откако се појавил пред Високиот суд на видеолинк, на 27 октомври.

Нападот може да биде вовед во поголем мозочен удар и бара лекарска грижа. Од тогаш, на Асанж му е вградена магнетна резонанца и примал терапија.

„Џулијан се мачи и се плашам дека мини-шлог би можел да биде предзнак за поголем удар. Тоа ги засилува нашите стравови дека тој нема да може уште долго да живее доколку оваа исцрпна правна борба продолжи“, рече Морис.

За потсетување, британскиот Апелационен суд ја преиначи пресудата во петокот на пониската судска инстанца и ја отвори вратата за испорачување на Асанж на САД.

Со тоа судот ја прифати жалбата на САД, која го терети Асанж за повеќе кривични дела, вклучително и за шпионажа.

На почетокот на годината окружниот суд поради здравствени причини го одби барањето на САД за испорачување на Асанж. На Австралиецот му се закануваат 175 години затвор во САд, каде судски го гонат поради објавување на повеќе од 100.000 доверливи документи.

За потсетување, годинава, дел од американските медиуми ги обелоденија и плановите на ЦИА да го убјат Асанж.

Scroll to Top