Во екот на молбата на американскиот претседател Доналд Трамп да го помилува Џулијан Асанж, во јавноста сега се појавија снимки кои покажуваат дека основачот на „Викиликс“ сакал да го предупреди Стејт департментот за депешите уште пред истите да бидат објавени.
„Викиликс“ со години е обвинуван дека намерно објавувал стотина илјадници депеши и на тој начин ја загрозил безбедноста на бројни американски официјални лица.
Сега, од новите снимки може да се слушне дека Асанж се обидувал да го предупреди Стејт департментот за тоа и да ја намали штетата.
Како што пишува српски Курир, повикувајќи се на „Раша тудеј“, Асанж се обидел да стапи во контакт со Хилари Клинтон, тогашниот државен секретар. За овој телефонски разговор, прво се зборувало во документарниот канал „Шоутајм Риск“.
Сега новите снимки откриваат дополнителни детали. Овие видеа ги објавил контроверзниот медиум „Проектот Веритас“, а како што е наведено, во нив Асанж разговара со првобранителот од Стејт департментот, Клиф Џонсон.
Assange to State Dept. on release of unredacted diplomatic cables stolen from @Wikileaks:
“It’s our view that it is more your problem than it is ours but we have been calling the State Dept. & the Embassy for over a day trying to explain the urgency…” pic.twitter.com/hx5u2fSzuC
— James O’Keefe (@JamesOKeefeIII) December 16, 2020
Основачот на „Викиликс“ го предупредил Џонсон дека на интернет се шири архива од околу 250.000 депеши, кои содржат доверливи информации.
Тој го уверувал Џонсон дека „Викиликс“ не стои зад ова објавување и обвинил еден од неговите вработени, кој успеал да ги дешифрира документите. Асанж, исто така, во тие моменти изразил загриженост дека вработените во американската влада би можеле да бидат откриени.
Тој го замолил Џонсон да ги предупреди сите оние поединци, кои би требало да бидат предупредени и кои би можеле да се најдат во проблеми, ако овие доверливи информации излезат во јавноста.
Асанж дури и предложил Владата во тајност да ги отстрани овие документи од интернет-мрежата, а се понудил и да помогне во таквиот процес на нивно лоцирање. Месец дена подоцна, овој разговор го објавил новинарот на „Гардијан“ Дејвид Ли.
Година дена подоцна Асанж побарал засолниште во Амбасадата на Еквадор во Лондон, плашејќи се од обвинвуањата за сексуален напад во Шведска, кој би бил искористен како изговор за негово испорачување во Америка.
Американските власти против него покренале истрага поради улогата во објавувањето на документите, кои откриваат голем број воени злосторства на американската војска во Ирак и Авганистан, но во 2019 година е обвинет само за шпионажа.
Асанж во амбасадата поминал 7 години, а кога се промени власта во Еквадор, се променил и изгледот и ставот кон Асанж. Британската полиција го уапси Асанж во април 2019 година, откако го извлече од Амбасадата на Еквадор и го однесе во затвор.
Во меѓувреме, Асанж дополнително ги налутил американските известувачки агенции, затоа што објавил значителен број пораки на е-пошта на Хилари Клинтон, пред претседателските избори во 2016 година и неосновано е обвинет дека соработувал со Русите, за да му помогне на Трамп да дојде до власта.
Приврзаниците и соработниците на Џулијан Асанж се обидуваат сега да влијаат на Трамп и бараат од него тој да го помилува. Доколку тоа се случи, како што пишува српски „Курир“, повикувајќи се на „Раша тудеј“, тоа би било шлаканица за американскиот политички естаблишмент, известувачките агенции и медиумите, кои со години го обвинуваа Асанж за мешање во американските избори.
Новооткриените снимки сега привлекоа големо внимание и кон Едвард Сноуден, свиркачот и некогашниот соработник на НСА (Националната безбедносна агенција), кој во 2013 година ја откри нивната програма за масовно прислушкување и набљудување.
Поради тоа, Сноуден мораше да побегне од САД и тој во моментов престојува во Русија.
„Овие неверојатни снимки, кои претходно ги немам слушнато, ги потврдуваат тврдењата на ‘Викиликс’, кои нивните критичари со години ги нарекуваа дека се лажни. Асанж сакал да го намали ризикот за одредени поединци и објавата на документите не бил намерен и изнуден чекор. Не ме интересира кој ги објавил истите, ме интересира само дали е вистина тоа што го има на нив. Од прва рака знам дека кредибилни извори често грешат, но и ужасни извори понекогаш знаат да бидат во право. Она што е најважно се доказите“, напишал Сноуден на „Твитер“.
Сноуден исто така апелирал до Доналд Трамп да го помилува Асанж. Асанж во моментов се наоѓа во британскиот затвор, каде ја чека одлуката за негово испорачување во Америка.