Астероид широк 900 метри денес ќе се доближи до Земјата, од НАСА велат нема причина за опасност

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека астероидот „2001F032“ денес ќе мине покрај Земјата и дека нема да има никаква опасност од судар со нашата планета.

Од агенцијата потврдија дека астероидот е широк 900 метри и дека денес ќе биде најблиску до Земјата, на оддалеченост од два милиони километри, што е пет пати поголема оддалеченост од онаа меѓу Земјата и Месечината. Тоа ќе биде извонредна можност за астрономите да го следат.

Астероидот патува со брзина од 124.000 километри на час. Ова е најголемиот астероид кој ќе мине покрај Земјата во 2021 година и нема да претставува никаква опасност за нашата планета, порачуваат од НАСА и нагласуваат дека точно го знаат орбиталниот пат на астероидот околу Сонцето.

Тој е откриен пред 20 години и од тогаш научниците во НАСА го следат, а неговото наредно приближување до Земјата, се очекува да се случи во 2052 година.

 

Scroll to Top