Астероид со големина на автобус се приближува кон Земјата

Американската вселенска агенција НАСА предупреди дека астероид со големина на автобус се приближува до планетата Земја. Тие на астероидот првпат го открија во 2014 година, а сега велат дека тој ќе ѝ се доближи на Земјата на 6 јануари на оддалеченост од околу 7.400.000 километри.

Иако НАСА објектите поголеми од 150 метри кои се приближуваат до Земјата на растојание од 7,5 милиони километри ги смета за потенцијално опасни, сепак астероидот 2014 YE15, кој е широк 7 метри и е со големина на автобус, не се смета за голема закана..

Крајот на годината ќе биде обележан со навидум поголема опасност која поминува од вселената, бидејќи на 29 декември астероид широк околу 149 метри ќе се приближи многу поблиску до Земјата, на 3.540.000 km.

Астероидите се појавуваат во релативна близина на планетата на секои неколку дена, а НАСА ги следи нивните движења и редовно ја ажурира листата.

Сепак, тоа не значи дека тие треба да се игнорираат. Дури и малите можат да предизвикаат проблеми, бидејќи во 2013 година, астероид широк 20 метри експлодираше над Челјабинск во Русија, ослободувајќи ја истата енергија како околу 26 до 33 експлозии на атомски бомби.

Оштетени биле неколку згради, а околу 1.500 лица се згрижени поради повредите предизвикани од експлозијата.

Scroll to Top