Астероид удри во Јупитер, научниците предупредуваат дека мораме да бидеме подготвени за секакво апокалиптично сценарио

Астероид удри во најголемата планета во нашиот сончев систем Јупитер, соопштија од Европската вселенска агенција (ЕСА). Јупитер претставува најголемата гравитациона сила по Сонцето, така што ударите на астероиди не се невообичаена појава, велат од ЕСА.

Сепак, вакви настани служат за да не потсетат дека, иако Земјата не стои на патот на апокалиптичен астероид, технологијата за нивното откривање мора да напредува, за да не се разбудиме еден ден и сфатиме дека тој ќе последниот од човештвото, предупредуваат научниците.

Јупитер на 13 септември се најде на удар на астероидот, а тој настан го проследија астронаути аматери. Тие забележале светол блесок кој бил предизвикан од ударот. Иако нема официјална потврда, ова е веројатно осмиот удар поврзан за Јупитер, кој е виден од човекот.

Првиот е забележан во 1994 година, кога во центарот на внимание беше кометата Шумејкер-Леви 9, која се распадна во делови, пренесе Klix.ba. За жал, никој од Земјата не ја видел експлозијата, затоа што ударите се случиле од подалечната страна на Јупитер, но телескопот од Хаваи фотографирал топлотни потписи на секоја локација на ударот.

Вселенскиот телескоп Хабл, исто така ги забележал „лузните“ на Јупитер. Научниците засега не се сигурни колку често Јупитер се нашол на мета на вакви масовни и брзи објекти, кои создаваат блесок видилив и од Земјата. Се смета дека тоа се случува често, меѓу 20 и 60 пати годишно.

Доколку Земјата се најде во иста ситуација, нејзината површина би можела да изгледа многу поинаку. Но, и покрај силното и огромно гравитациско поле на Јупитер, некои научници веруваат дека Земјата сепак не е сигурна од нов удар на астероид, сличен на оној кој предизвикал изумирање на диносаурусите. Ваквите настани се случуваат на секои 50 до 60 милиони години.

Американската вселенска агенција НАСА даде зелено светло за изградба на нов вселенски телескоп NEO Surveyor, кој е дизајниран да ја подобри одбранбената мрежа на планетата задолжена за откривање вселенски тела со потенцијално опасни орбитални орбити.

Научниците сметаат дека астероидите со големина од 137 метри можат да предизвикаат огромна регионална штета, па целта е да се откријат навреме.

Scroll to Top