Астрономот Анте Радониќ во гостувањето во телевизијата N1 ги коментираше мистериозните неидентификувани летала кои се појавија на небото над САД и Романија, а кои предизвикаа големи реакции во јавноста, пренесе хрватски „Индекс“. Романија дури испрати и воени авиони.
Тој го коментираше и кинески балон, кој беше еден од четирите објекти кои беа соборени од американската авијација на небото над САД. Дополни и дека тврдењата за вонземјани се несериозни.
„По првиот голем кинески балон сите се многу претпазливи. Балонот на радорот е како мала птица, па тешко е да се следи, но сега Американците ги прилагодија радарите. Балонот е безопасен, но во него има уреди за следење и комуникација“, рече Радониќ.
„Во тој балон имаше и 900 килограми опрема и многу батерии“, рече Радониќ.
Го коментираше и одложеното патување на американскиот државен секретар во Кина.
„И сателитите и балоните можат да лоцираат одредени комуникации и да следат и шпионираат. Во тој балон имаше 900 килограми опрема и многу батерии. Американците прво го следеа некое време, а потоа сватија дека станува збор за шпионски, а не метеоролошки балон. Иако немаше смисла државниот секретар да го прекине патувањето во Кина, можеше едноставно да се земе како аргумент во дебатата. Сега сите ја следат ситуацијата, особено откако балон се појави и на небото во Романија. Но, нема потреба од паника, затоа што балони често се појавуваат секаде“, додаде Радониќ.
Американската војска откако го собори кинескиот балон, уништија и три помали мистериозни објекти чиј идентитет досега не е утврден.
„Тоа се многу мали балони и паднаа на места каде е тешко да се пронајде опрема, а тоа е многу опрема. Додека ги најдат остатоците, не можат да кажат за што станува збор. Мора да имаат знаци на радарите дека се балоните, затоа што ако е во прашање нешто друго, радарите сигурно немаше да го препознаат. Многу очигледно е дека се балони и дека се нешто сосема друго од големиот кинески балон“; објасни Радониќ.
Тврди и дека станува збор производ на нашата цивилизација. Радониќ објасни кои све и какви балони се испраќаат во стратосферата. Објасни и кај кого треба да се пријават истите тие.
„Има и аматери кои испраќаат мали балони во стратосферата и собираат податоци и истражуват, но тоа се пријавува на контролите на воздушниот сообраќај. За овие три балони во САД, државата не знае дали се од некоја фирма или тоа некој го направил нелегално.
Кога претходно го видоа кинескиот балон, никој не обрна внимание. Кога нема да се утврди чиј е балонот и кој го има испратено, тогаш се квалификува како неидентификуван летечки објект. Американците сега го нарекуваат неидентификуван атмосферски објект, затоа што може да се види само во атмосферата, но не и во вселената, затоа што таму прецизно се следат сите работи. Затоа е познато дека овој производ е од нашата цивилизација“, рече Радониќ кој додаде дка балоните можат да одат и до висина од 30.000 метри.