(Аудио) НАСА сними звук од еден од сателитите на Јупитер, научниците бараат одговори за тоа како настанал Сончевиот систем

Вселенското летало на НАСА, Џуно, сними звуци кои доаѓаат од најголемиот сателит на Јупитер, Ганимеда. Сондата помина покрај сателитот на 7 јуни 2021 година, а НАСА сега ја објави снимката во траење од 50 секунди. Ганимед е најголемиот сателит во нашиот Сончев систем.

Сондата Џуно е опремена со инструментот наречен Waves, бранови, кои ги снима електричните и магнетските радиобранови кои стигнуваат од мангетосферата на Јупитер. Научниците, како пишува „Индекс“, успеаа да соберат податоци кои потоа им ја менуваат фреквенцијата, за да ги претворат во звук кој може да го слушнат.

Главниот истражувач Џуна, Скот Болтон, од Институтот „Саутвест рисрч“, во Сан Антонио, рече дека ако внимателно се слуша, некаде на средината на снимката може да се слушнат промени во зголемувањето на фреквенцијата, што значи дека влез во второто подрачје на Ганимедовата магнетосфера.

Конечниот резултат е звук кој потсетува на ветер и роботи. Научниците велат дека тоа не може да се смета за доказ за постоење на живот на сателитот или во негова близина, но, со претходните истражување се покажало деа на Јупитер веројатно би можело да има живот.

Откривањето на тајната на Јупитер би можело да фрли ново светло во еволуцијата на другите планети и на формирањето на самиот Сончев систем, рече Болтон.

„Се обидуваме да разбереме од каде сме дошле, како сме дошле тука“, рече Болтон за „Вашингтон пост и објасни дека Јупитер е голем значаен дел од оваа приказна.

Џуно исто така откри дека планетата ја погодуваат ситни, но, значителни честички од Марс.

Јупитеровата гравитација делува како своевиден штит кој ги турка микрометеорите од неговата орбита, а научниците претпоставуваат дека на сличен начин можеби ги исфрла и од друга древна планета од Сончевиот систем.

Scroll to Top