Авион исчезнал од радар во САД

Над градот Бенингтон во американската сојузна држава Вермонт од радарот на контролната кула изненадувачки исчезнал авион.

Полицијата веднаш се координирала во потрага по леталото, за кое се верува дека исчезнало во областа на планината Болд.

Во потрагатата учествувала и градската противпожарна служба, наведува локалната мрежа WTEN-TV.

Државната полиција засега не издала официјално соопштение, но операцијата е покрената откако службата за контрола на летање го изгубила контактот со авионот додека леталото било над Бенингтон, околу 15:30 часот во неделата по локално време.

Не е прецизирано за какво летало станува збор, ниту колку лица се наоѓале во него, како ни од каде дошло. Поради мракот, потрагата на теренот била отежнета.

 

Scroll to Top