Австралиски водител тврди дека син му е реинкарнација на принцезата Дајана

Австралискиот телевизиски водител Дејвид Кембел во последните неколку дена ги полни насловните страни на таблоидите, затоа што тврди дека неговиот син Били (4) е реинкарнација на покојната принцеза Дајана, која загина во автомобилска несреќа на 31. август 1997 година, на 36 годишна возраст.

Дејвид вели дека тој и неговата сопруга Лиса го тестирале нивниот син колку знае за принцезата и велат дека се шокрале од количината на детали кои ги знае за нејзиниот живот. Меѓу останатото, покажале и фотографии од дворецот и го прашувале кој од нив е дворецот на Дијана Балморал.

Момчето со прст го покажувало шкотскиот дворец во кој Дијана и остатокот од нејзиното семејство живееле. Она што плаши е тоа што момчето упорно повторувало дека секоја ноќ духовите доаѓале по него во куќата.

„Били не спиеше добро како дете, а кога Лиса влезе во собата да го праша зошто, ќе и одговореше дека доаѓале по него. Покажуваше кон кровот и ќе додадеше дека ќе го врателе до утрото“, раскажува Кембел, кој покрај Били има уште две деца.

Сè почнало кога на сопругата на Кембел добила од непознато лице картичка со фотографија на Лејди Ди. Били тогаш имал само две години и покажувал постојано со прстот кон картата.

„Гледај тоа сум јас кога бев принцеза“, вели Кембел за тоа што им кажувал нивниот син.

Потоа Били повторно ги шокирал родителите кога детално го опишал дворецот Балморал и им раскажал на пријателите кои таму го посетувале. Не им е јасно од каде Били има толку познавање за кралското семејство, со оглед на тоа што за таа тема по дома ретко кога се разговара, пишува „Дејли Мејл“.

Таквите сеќавања често се појавуваат кај децата

Верувањето во реинкарнација почнало пред околу 3000 години. Луѓето од различни култури како Индија, Кина, Тајланд и Јапонија веруваат дека сите имаат живеано во неколку минати животи, некои на нив се сеќаваат, но повеќето не. Тоа е верување дека душата во моментот на смртта го напушта телото и влегува во ново.

Постојат луѓе кои тврделе дека се сеќаваат на своите минати животи, но воглавно тие сеќавања се јавуваат додека биле деца и со стареењето исчезнувале. На пример, момче било опседнато со потонатиот Титаник. Им зборувало на родителите за тој брод, го цртал, а деталите на цртежите биле толку прецизни, што родителите се чуделе како тоа мое момчето да го знае. Се чини дека во минатиот живот момчето било на тој брод, за време на потонувањето и загинал.

Момчето Чејс лани гостувал кај Опра Винфри. Раскажал дека кога имал пет години, за прв пат му се појавило сеќавање од минатиот живот. Бил, како што вели, црн војник во граѓанска војна и се сеќава дека загинал на военото поле. Момчето детално ги опишал сите настани од тоа време.

Scroll to Top