Австралиските власти го чувале во тајност масакрот со медицинските сестри на островот Банка

Група историчари тврдат дека австралиската влада сакала да ја сокрие вистината за  направениот масакр на островот Банка во 1942 година, кога група на јапонски војници убиле 22 медицински сестри. Историчарите тврдат дека во настанот, јапонските војници пред да ги убијат медицинските сестри ги силувале.

Историчарката Лајнет Силвер која го истражувала овој инцидент, тврди дека војниците ги приморале медицинските сестри на крајот да влезат во водата, а потоа ги застрелале. Силвер вели дека само една од нив успеала да преживее и да посведочи за громорозниот настан.

„Австралиските власти сакале да ги заштитат семејствата од жигот на силувањата, затоа што таквата судбина била полоша од смртта. Сестрата Вивијан Булвинкер успеа да го преживее масакрот, преправајќи се дека е мртва. Но, по враќањето во Австралија таа била замолчена“, вели Силверова повикувајќи се на сведочењето на Вивијан во 2000 година.

Силвер вели дека несреќната жена ги следела упатствата, а дека вината ја префрлила на австралиската влада, затоа што постарите офицери знаеле за ваквото силување, но доцнеле со евакуацијата.

„Дали семејствата ќе можат да тужат и овие злосторства ќе можат да се процесуираат, ќе зависи од тоа дали владата е таа која ќе ја покрене новата истрага и повторно ќе го разгледува овој случај“, вели Силверова.

Историчарите Тес Лавренс и Барбара Ејнџел ја истражувале ткаенината и дупките на униформата на сестрата Булвинкел, направени од куршумите. Дошле до заклучок дека униформата била уништена во делот на половината надоле, а потоа била шиена. Тоа јасно иницира дека врз неа имало извршено насилство и веројатно била силувана.

Булвинкелова пред две години и раскажала на Лавренс за злосторот кој го доживеале медицинските сестри и дека повеќето од нив биле оскрнавени пред убиството. Таа изјавила дека во нејзиното истражување, дошла до изјави и сведоштва на јапонски војници кои се наоѓале во близината на местото каде се случил масакрот.

Откако ги слушнале криците, на војниците им било кажано дека нивните соборци се задоволуваат во близина и дека наскоро ќе дошло и нивниот ред. Силвер ја открила и страницата од дневникот кој го водела и дека кога се водел како доказ, главниот дел за она што навистина се случувало со сестрите бил цензуриран.

Сивер вели дека страниците биле искинати. Питер Станлеј, професор на универзитетот „Њу Саут Велс“ вели дека изјавите на Силвер се поврзани со сексуалните злосторства на јапонската војка од Хонг Конг, Филипините и Сингапур. Силвер опишала дека пред масакрот австралиските сестри воделе безгрижен живот, но по нападот на Јапонците на 8 декември 1941 година, нивните животи целосно се промениле.

Силвер смета дека е важно да се соопшти вистината која Вивиан Булвинкел сакала да ја изјави во 1945 и 1946 година.

„Овие медицински сестри заслужуваат нивната приказна да се раскаже. Тоа е правда за нив“, вели Силверова.

Scroll to Top