Банкар во Виетнам осуден на смрт поради корупција

Додека секаде во светот банкарите грабаат билиони долари од граѓаните и не се соочуваат со последици, Виетнам покажа дека има строга казна за корупција – смрт.

Недостигот на прогон на американските и европските банкари кои се одговорни за големата финансиска криза беше многу честа тема во текот на годините.

Виетнам го покажа патот преку казна за злоупотреба на банките. И тоа со смрт. За да се спречи финансискиот криминал, неколку работи мора ефикасно да ве мотивираат. Како на пример, стрелањето.

Според Би-би-си, поранешниот шеф на главната виетнамска банка е осуден на смрт поради неговата улога во случај на злоупотреба на 800.00 милијарди донги (што звучи како многу пари, но всушност станува збор за 35 милиони долари) илегални кредити.

Нгуен Сјуан Син, кој бил генерален директор на Оушн банк, бил осуден за злоупотреба на моќта и лошо економско управување. Основачот на банката, пак, тајкунот Ха ван Там, како и десетици други банкарски претставници, исто така морало да одат на судење и биле обвинети за неправилности и издавање кредити.

Тој бил осуден на смрт од страна на Народниот суд во градот Ханои.

Во меѓувреме неколку десетици поранешни вработени исто така добиле долгогодишни затворски казни во големата афера за корупција. Оушн банк  делумно е во државна сопственост, а злосторството на Нгуен Сјуан, односно перењето државни пари, се смета за сериозно злосторство.

Кога ја напушти банката, стана шеф на државната нафтена компанија „Петро Виетнам“. Како што претходно извести „Ројтерс“, „Петро Виетнам“ и виетнамскиот банкарски сектор се во срцето на корупциските афери со кои се пресметува оваа посткомунистичка држава.

Четири претставници се обвинети за намерно кршење на државните прописи создавајќи инвестициски губитоци на банкарската единица на „Оушн груп“, соопшти полицијата преку онлајн-соопштение.

Истрагата во државната нафтена компанија „Петро Виетнам“ ги наполни светските насловни страници минатиот месец кога Германија го обвини Виетнам за киднапирање на Тринх Сјуан Тан, поранешен претставник на една подружница на компанијата „Петро Виетнам“, од самиот парк во Берлин и го присили да се врати дома и да се соочи со обвинувањата за лошо финансиско управување.

Членот на Политбирото, кој бил и поранешен претседател на „Петро Виетнам“ и потпретседател на Министерството за трговија, исто така е сменет од својата позиција. Ова претставува необичен потег во земјата во која таквите високи официјални лица се недопирливи.

Виетнам е еден од најголемите светски крвници според „Амнести интернешнл“, но ова е првпат по толку години смртната казна да се спроведе кај толку висок претставник.

Во 2013 година уште еден поранешен банкар, Ву Ќуос Хао, поранешен генерален директор на Агрибанк финансиски лизинг, исто така е осуден на смрт со смртоносна инјекција. Случај што, сепак, беше релативно помал по обем и кој доби мало меѓународно внимание.

Претходно оваа недела е објавено дека поранешниот претседател на Оушн банк, Ха ван Там, некогаш еден од најбогатите луѓе во Виетнам, бил затворен поради истите обвинувања и поради кршење на правилата за кредитирање.

Судијата Троунг Виет Тоан изјави: „Однесувањето на Там многу сериозно го нарушува управувањето со државниот имот, нешто за што се бара строга казна.

Поранешниот претседател на банката, Ха ван Там е осуден на доживотен затвор.

Осудени се 51 претставник и банкари, кои се обвинети за лошо водење и менаџирање на банката, што довело до губиток од 69 милиони долари.

Случајот настанал во време на масовни антикорупциски афери, а е рангиран како еден од најкорумпираните во земјите во Азија, 113-ти од 176 земји на индексот на корупција на „Трансапаренси интернешнл“.

Владата вети решавање на проблемот за да се поттикне економскиот развој на земјата. Во мај исто така е сменет високиот виетнамски претставник поради сериозни повреди додека ја водел државната нафтена компанија „Петро Виетнам“.

Сепак, без оглед на околностите, резултатот како што е овој е невозможен во САД и во ЕУ. По сè што направија американските банкари во целиот свет во 2008 година, никој не е осуден затоа што тие всушност длабоко се навлезени во законодавната и извршната власт.

Малите, средните и грабежите од огромен размер ќе продолжуваат со ист интензитет, со повремени удари по прстите на банкарите сè додека има што да се краде.

Scroll to Top