Бил Гејтс повторно глуми пророк, милијардерот најави крај на пандемијата

Бил Гејтс деновиве повторно излезе во јавноста со прогноза за крајот на пандемијата со коронавирус. Тој предвиде дека 2022 година ќе биде крајот на ширењето и опасноста од вирусот, поради вакцините кои ќе бидат произведени, за кои тој вели дека потрошил многу пари.

Во интервју за „Фокс њуз“, основачот на „Мајкрософт“, предвидел дека луѓето во САД ќе можат да му се вратат на нормалниот живот уште на лето 2021 година, поради напредокот во постигнувањето и развојот на вакцината против оваа болест.

Деловниот магнат истакна дека очекува дека САД ќе почнат да ги одобруваат вакцините за јавна употреба на почетокот на следната година. Тој изјавил дека е оптимистичен во поглед на пандемијата, која нема да трае во недоглед.

„Во најдобар случај 2022 година би бил период кога би можеле да ѝ ставиме крај на глобалната пандемија. Но, и во 2021 година треба да имаме можност да го срушиме бројот на заболеми, ако на проблемот му пристапиме глобално“, изјавил Гејтс за „Фокс њуз“.
„Фала богу постоеше технологија за создавање вакцина. Дојде до поголем број истражувања, компаниите ги ставија своите најдобри луѓе на тоа. Поради тоа сум оптимист дека ова нема да трае во недоглед“, додал тој.
Мултимилијардерот изјавил дека американската Управа за храна и лекови би можела да одобри три или четири формули за вакцината.

Тогаш се поставува прашањето како вакцината ќе се дистрибуира. Гејтс вели дека е разочаран што САД не планирале производство и дистрибуција на вакцината во сиромашните земји.
„САД не се покажаа по прашањето за помош во купувањето на вакцината за земјите во развој“, изјавил тој.
Гејтс е главен инвеститор во фармацевтскиот сектор и ги насочил своите милиони долари само во развој на седум различни вакцини против Ковид-19. Претходно изјавил дека меѓу 70 и 80% од светската популација би морале да се вакцинираат против вирусот, пред повторно да се врати нормалниот живот.

 

Scroll to Top