Милијардерот Бил Гејтс повторно предвиде кога ќе заврши пандемијата со коронавирусот. Тој рече дека „акутната“ фаза на пандемијата ќе заврши во 2022 година, но, за новиот вид Омикорн рече дека е загрижувачки.
„Можеби не е паметно да предвидувам некои работи, но, мислам дека акутната фаза на пандемијата ќе биде готова во некој момент во 2022 година“, рече Гејтс.
Фармацевските компании во минатото имаа големи проблеми да ги продадат своите вакцини за грип, затоа што имале релативно ниска ефикасност во споредба со другите вакцини. Затоа научниците мораат да предвидат кој сој на вирус ќе биде превалентен во одредена година.
Гејтс има цврст став кога станува збор за терапиите и рече дека фармацевскиот гигант „Мерцк“, неодамна добил одобрение од ФДА за својот антивирусен лек молнипиравир, кој се препишува на лица со висок ризик и кои имаат тешка слика на корона.
Ова апче значително ги намалува шансите за хоспитализација или смрт од Ковд, вели Гејтс. Тој призна дека и покрај масовната примена на вакцина против корона ширум светот, повеќе луѓе умреле од ковид во 2021 година, отколку во 2020. Тој додаде дека немало подраматично подобрување како што се надевал.
Инаку за потсетување, богатството на Гејтс за време на пандемијата се зголеми на 137 милијарди долари и тој е 4 најбогат човек на светот. Тој ја нарече појавата на Омикрон сојот на корона загрижувачки, но, нагласи дека светот ќе биде подобро подготвен за борба против потенцијално опасните варијатни отколку што бил.
Инаку јужноафриканските научници кои ја открија Омикрон варијантата тврдат дека симптомите на болест предизвикани од овие соеви на вирус, воглавно се благи.