Била дел од ИСИС, а сега му се предала на Исус – Раѓала деца за да станат муџахедини

By

Танија Георгелас, триесет и тригодишна Британка чии родители имаат потекло од Бангладеш, во ексклузивно интервју за „Атлантик“ открила зошто се приклучила на ИСИС и што е тоа што ја натерало да ја напушти злогласната Исламска држава и да почне да гради нов живот во Соединетите Американски Држави.

„Пораснав во Хароу, во Лондон, и од мали нозе се соочив со предрасудите и расистичките испади. Соседите ни ги кршеа прозорците, нè навредуваа. Се чувствував како целосен аутсајдер и  цело време барав начин  да им се одмаздам на тие зли луѓе, кои цело време се обидуваа да ни наштетат“, се присетува Танија.

Вели дека почнала да се интересира за радикалниот ислам по терористичките напади на Светскот трговски центар, кој се случи на 11 септември 2001 година. Неколку години потоа Британката протестирала против војната во Ирак и токму таму добила упатство со податоци за интернет-страница за запознавање и спојување со муслимани.

Таа стапила во контакт со Јохном Георгелас, Американец кој денеска се смета за еден од најозлогласените џихадисти од редовите на ИСИС.

„Се заљубивме и почнавме да фантазираме за живот во калифатот. Бев бремена со четвртото дете кога во 2013 година се одлучивме да се преселиме во градот Азаз во Сирија и да се приклучиме во редовите на радикалните исламисти. Раѓав деца само со една цел, еден ден тие да станат муџахедини, борци, терористи“, вели Георгелас.

Сепак, животот во Сирија нималку не ја воодушевил. Семејството спиело во трошна куќа, без прозорци. Немале ниту вода, ниту струја, но набрзо се вселиле во нов дом. Но, таму таа и децата заболеле од тешка болест.

„До денеска не можам да поверувам дека сопругот ми дозволи да заминам со децата“, вели Британката, која живее во домот на родителите на нејзиниот сопруг, од кого меѓувреме и службено се развела.

Тој сè  уште престојува во Сирија и се бори на страната на терористите.

Поранешната членка на ИСИС сега има ново момче. Тој е ИТ експерт и се вика Грег. Исто како и Јохном, и него го запознала на интернет-страница за запознавање, а тој се вљубил во неа иако знаел дека нејзиниот поранешен сопруг е  муџахедин.

Кога го отворив профилот на страницата за запознавање напишав:

„Имам четири деца и поранешен сопруг кој ме напушти за да стане новиот Осама Бин Ладен“. Добив 1300 пораки, а на Грег, со кого денеска сум во среќна врска, не му пречеше моето минато“, изјави Танија, која, како што пренесува „Дејли мејл“, во иднина би сакала да им помага на таканаречените рехабилитирани екстремисти.

Во меѓувреме со своето ново момче почнала да посетува една протестантска црква и вели дека е голем верник.

Ќе ви се допадне