Бин Ладен живее на Бахамите и месечно заработува по 100.000 долари од ЦИА

Националниот агент за безбедност, популарно наречен свиркач, Едвард Сноуден, излезе во јавност со ново контроверзно тврдење дека поседува  информации со кои може да докаже дека Осама Бин Ладен е сè уште жив.

Сноуден, кој живее како бегалец во Русија поради откривање документи за незаконско  шпионирање на НСА, сега излезе со нови обвинувања за фамозниот терорист Осама Бин Ладен во едно интервју за Moscow Tribune.

Според него, не само што Бин Ладен е сè уште жив туку тој живее во вистински луксуз на Бахамите благодарение на платата што ја добива од ЦИА.

„Имам документи што можат да докажат дека Бин Ладен е сè уште на платниот список на ЦИА“, тврди Сноуден.

„Тој сè уште прима повеќе од 100.000 долари месечно, кои се префрлаат преку компании и организации директно на негата банковна сметка. Не сум сигурен каде е во моментот, но во 2016 година живееше во својата вила со пет од неговите жени и многу деца“, тврди Сноуден.

Најголемиот светски терорист, како што Америка го нарекуваше сè до објавувањето на неговата смрт на 2 мај 2011 година, кога наводно бил ликвидиран од страна на американските морнарички „фоки“, всушност е жив и живее во луксузното предградие Насау.

Сноуден вели дека ЦИА ја оркестрирала лажната смрт на поранешниот лидер на Ал Каеда, додека бил транспортиран со неговото семејство на непозната локација на Бахамите.

„Осама Бин Ладен долг период беше еден од најголемите оперативци на ЦИА“, тврди Сноуден.

„Каква порака би им се испратила на другите оперативци на ЦИА ако била дадена наредба Бин Ладен да биле убиен од страна на морнаричките „фоки“? Тие ја организирале неговата лажна смрт во соработка со пакистанските безбедносни служби. Бин Ладен едноставно го напиштил својот дом кој требало да изгледа како негово наводно засолниште.

Откако сите биле убедени во неговата смрт, никој не го барал, па било многу лесно  да исчезне. Без брадата и воениот елек, никој не би можел да го препознае.

Сноден вели дека документите што ги поседува докажуваат дека Бин Ладен е сè уште жив и истите ќе ги објави во неговата нова книга, која се очекува да биде објавена во септември.

Во јавноста Сноуден е познат како херој, свиркач, десидент, патриот и предавник поради неговото откривање на илјадници документи на безбедносните служби на САД.

Тој бил ангажиран од НСА во 2013 година, а претходно бил вработен во ЦИА.

Во јуни истата година обелодени илјадници  документи од НСА предавајќи ги истите на новинарите.

Американската влада го обвини за шпионажа набрзо откако  документите станаа јавни. Тој побарал азил во Москва откако прво избегал со авион од Америка за Хонг Конг.

На 28 јули 2015 година Белата куќа ја одби петицијата „Ние луѓето“ потпишана од 168.000 лица кои јавно му дадоа поддршка на Сноуден.

Scroll to Top