Бившата сопруга на милијардерот Бил Гејтс, Мелинда, отворено зборуваше за пријателството со осудениот педофил Џефри Епстајн. Таа во емисијата Mornings рече дека била ужасната што нејзиниот поранешен сопруг продолжил да се дружи со Епстајн иако таа од него имала кошмари.
На неа ѝ бил јасен нивниот однос, па уште во 2011 година побарала состанок со Епстајн за да види за каков човек станува збор. Таа рече дека зажалила што го запознала.
„Не ми се допаѓаше тоа што Бил се состануваше со Епстајн. Јасно му го кажав тоа и му го дадов до знаење. Потоа се запознав со него. Сакав да видам каков човек е и морам да кажам дека зажалив уште од моментот кога ми дојде на врата. Беше одвратен, персонифицирано зло. После имав кошмари од него. Затоа срцето ми се крши поради сите тие млади жени и негови жртви. Така се чувствував, а јас сум постара од нив. Беше грозен“, му рече Мелинда на водителката Гејл Кинг.
Епстајн почина во 2019 година во својата ќелија во затворот во Њујорк, додека го чекаше судењето за трговија со луѓе. Истрагата заклучи дека тој се обесил самиот, неколку дена откако престанал да биде под строг надзор.
Мелинда рече дека Епстајн бил една од причините поради која се развела од Бил Гејтс.
„Не беше тоа единствената работа. Имаше многу работи кои доведоа до разводот. А јас јасно му кажав што чувствувам кон Епстајн“, додаде Мелинда.
Таа откри дека го задржала праведниот однос со поранешниот сопруг и покрај сè друго, но дека и двајцата повеќе не се пријатели. Таа додаде и уште една причина за нивниот развод, а тоа е неговата афера во 2000 година.
„Дадов сè за да успее бракот. Бев лојална од денот кога се свршивме до денот кога излеговме од истиот“, рече Мелинда и објасни дека Бил во неколку наврати ја изневерил и додаде дека не сака да зборува за тоа.
„Тоа се работи кои самиот Бил треба да ги одговори“, рече Мелинда.