Словачкиот бизнисмен Маријан Кочнер е прогласен за невин по обвинувањата дека го наредил убиството на новинарот Јан Куцијак. Судот во Словачка во четвртокот објасни дека нема доволно докази за да се осуди Кочнер.
Бизнисменот бил осомничен за нарачување на убиството на Куцијак, новинарот кој беше убиен во својот дом на 21 февруари 2018 година, заедно со неговата вереница Мартина Кусниров. Двајцата имале по 27 години.
Куцијак истражувал на незаконските активности кои наводно ги спроведувал Коцнер и неговата врска со тогаш владејачката партија Смер СД.
Судот утврдил дека и обвинетиот Акеба З. не е виновен за вмешаност и организирање на убиството, поради недостиг на докази.
Соучесникот на убиецот кој бил на местото на злосторот и кој го возел возилото бил прогласен за виновен за соучесништво во злосторот.
Убиецот ја признал вината за злосторот уште во јануари и бил прогласен за виновен, па во април бил осуден на 23. години затвор.