Бојкотирајте ги произведувачите на храна што работат за „Монсанто“

Составивме листа на компании што набргу ќе соработуваат со компанијата „Монсанто“, а кои потрошувачите треба да ги избегнуваат по секоја цена ако се загрижени за своето здравје.

Може лесно да се испечати и да се залепи на фрижидерот или на вашата огласна табла и одвреме-навреме да се потсетувате од кои компании мора да се бегате подалеку.

Постојат неколку причини зошто луѓето се противат на компанијата „Монсанто“, но меѓу првите две се нивната поврзаност со ГМО-храната и нивната корупциска врска со владите во светот, па и на Балканот.

Се сеќавате кога „Монсанто“ сакаше по поплавите во 2014 година да им подари тони ГМО-семе на балканските земјоделци. И по бурната реакција во јавноста, овдешните влади се изјаснија дека нема да го прифатат подарокот од „Монсанто“.

Една од страшните шеми што се донесени во последните неколку години беше носењето на законот за заштита на „Монсанто“, кој требаше да ги спречи судовите во процесирање на „Монсанто“ за ГМО-здравствените прашања.

Иако законот беше само во сила шест месеци, сепак, во меѓувреме донесени се слични закони, а преку нив компаниите се штитат од потрошувачите.

Што се однесува до ГМО, многу студии покажуваат дека генетски модифицираните прехранбени производи драстично го променуваат здравјето на потрошувачите во негативна смисла.

Бројот на Американци што боледуваат од хронична болест е удвоен кога масовното производство на ГМО започна и животните што добивале ГМО-храна почнале да развиваат оштетени органи и дигестивен систем, да имаат нарушен имунолошки систем, забрзано да стареат и да бидат неплодни.

ГМО исто така покажа дека трае вечно, што значи дека бројот на ГМО-производи се намалува и може да го уништи здравјето на идните генерации.

Иако многу од производите во продолжение можеби не содржат ГМО, целта е бојкот на нивните производи и исфрлување на тие производи, пишува АН.

Ако сакате да го испечатите овој попис, едноставно кликнете на пописот и изберете „печати“ од изборот на прегледи (или притеснете CTRL+P/Cmd+P).

 

 

 

lista-monsanto

Scroll to Top