Британски новинари објавија дека Хари и Меган имаат заеднички предок од 1480 година

By

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл наводно имаат заеднички предок од 15 век, така барем вели семејното стебло кое го составиле британски новинари.

Меган и нејзиниот сопруг, принцот Хари, се далечни роднини, вели еден истражувач од историско генеалошко друштво во Нова Англија. Тој дошол до откритие дека Меган и потомок на англискиот крал Едвард Трети и дека таа и Хари се роднини од 17. колено.

Тој е одгледан во Кенсингтонската палата и син на принцот од Велс и внук на кралицата Елизабета втора. Таа е родена преку 8000 километри далечина, во Калифорнија и ќерка на родители кои работеле во филмска индустрија.

Сепак, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл имаат многу повеќе заеднички работи отколку што мислат.

Истражувајќи го семејното стебло на Хари и Меган, новинарите на „Дејли Мејл“ откриле дека двајцата се далечни роднини и дека се поврзани преку предок на мајката на кралицата, од крајот на 15 век.

Поврзаноста на Меган со кралското семејство доаѓа од предок од нејзиниот татко, Томас Маркл. Нивното геанолошко потекло може да се следи до Англичанецот, наречен Ралф Боус, кој е предок на Меган од пред 15 генерации.

Тој бил висок шериф на округот Дурхам, чие семејно седиште бил дворецот Стреатлам. Неговата внука Бриџет Боус станала сопруга на Џон Хусеј од Доркинг.

Неговиот внук Кристофер Хусеи се преселил во Америка во 1632 година, во Масачусетс, а таа е линијата на семејство, која на крајот ќе доведе до Меган.

Имотот на Боус и дворецот продолжиле да се пренесуваат понатака од чичкото на Бриџет, па сè преку машките наследници. Неколку векови подоцна започна рамна линија кон Кралското семејтво и Хари, кога имотот и дворецот преминуваат во рацете на сер Џорџ Боус.

Неговата прва сопруга починала без деца, а неговата втора родила само едно дете, ќерка, Мери Боус, која во 1767 година се омажила за Џон Лион, деветиот гроф од Стратхмореа.

На своето име, Џон Лион го додал презимето Боус, поради строгите барања за наследувања на дворецот Стретлам и околните имоти. Потоа се создала династијата Боус-Лион.

Пет генерации подоцна, Елизабет Боус Лион се омажила за војвода од Јорк, кој ќе стане Џорџ Шести. Со време, Елизабета станала кралица, а нејзината најстара ќерка, станала денес кралицата Елизабета Втора.

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV boruto anime tv: Fairy Tail (Dub) (https://animetv.cc/m/4e42) Episode 175

AnimeHeaven animeheavenru: Watch My Hero Academia 2 (Dub) Episode 23