Познатата единица на британската армија SAS (Special Air Service) обучува посебна група специјалци да бидат подготвени за секаков вид закани, па дури и потенцијални напади од вонземјани, пишува „Дејли стар“.
„Тие се подготвени да се справат со секаков вид закани. Од терористи, па преку биолошко оружје, кога некој е намерно заразен со смртоносен вирус, па до вонземски форми на живот“, пишува „Дејли стар“. Звучи лудо, но мисиите подразбираат прекин на секоја закана, тврди изворот.
„Повеќето луѓе веруваат дека постои живот на другите планети. Дури и Алберт Ајнштајн во 1920 година изјавил дека Земјата не е единствената планета на која постои живот, објаснува изворот, кој додава дека за овој воен проект никој не сака да зборува јавно.
Дури и професорот Стивен Хокинг, додека беше жив, предупредуваше за можен контакт со вонземјани и за тоа какви би биле реакциите на луѓето.