Британскиот пророк предвидува катастрофи и напади

By

Следната година ќе биде полна со драматични политички превирања и еколошки кризи што ќе предизвикаат непредвидливи временски услови. Ова го најави британскиот пророк Хамилтон Паркер, а неговото пророштво го пренесе „Индипендент“.

Тој во блиската иднина предвиде дека ќе се случат и терористички напад на автопат во Велика Британија, револуција во Северна Кореја, каде што од власт ќе биде симнат Ким Ѓонг-ун, како и хемиски напад, кој ќе биде изведен со дрон врз еден од европските градови.

Своите предвидувања за мрачната иднина што го очекува светот веќе за неколку месеци овој пророк ги објави на својот блог, а меѓу помалите драматични најави се најде и онаа за британскиот принц Хари, кој ќе ја побара за жена својата девојка, актерката Меган Маркл.

Во новите визии, како што тврди, го видел Трамп како успешно ќе ја избегне постапката на отповикување од претседателската функција и дека во Европа ќе дојде до зајакнување на десницата, особено во Шпанија, Италија и Франција, нешто што ќе придонесе за големи нереди на улиците во тие држави. Но, најцрна прогноза даде за екологијата, предвиде низа еколошки катастрофи во 2018 година.

Екологијата е на врвот на неговата листа затоа што тој чувствува дека ќе се случат досега невидени земјотреси, вулкански ерупции и жестоки невремиња.

Најави и дека ќе се активира Везув поради што жителите на Неапол ќе мора да се евакуираат, а страшен земјотрес ќе се случи и на Нов Зеланд.

Најави и смртоносни пожари во Калифорнија, разорни поплави во Кина и Индија и страшни урагани на Карибите.

И покрај ваквите страшни прогнози, човештвото, како што тврди тој, ќе достигне повисоко ниво на свест, пренесува „Индипендент“.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX animeflix hello world: A Silent Voice (https://animeflix.nl/m/N3py) Episode Full

GoGoAnime anime stream: Watch Naruto (Dub) Episode 50 (https://gogoanime.be/m/wNl/ep-50)