Чи Кели е жената која објави нови досега невидени фотографии од чудовиштето од Лох Нес

Чи Кели објавила нови фотографии од чудовиштето Ненси во шкотското езеро Лох Нес, митскиот ѕвер за кој многумина веруваат дека не постои. Чи фотографиите ги направила уште во 2018 година и му ги покажала на Стив Фелтам кој 30 години се обидува да ја разреши една од најголемите мистерии.

За фотографиите Стив рече дека се најдобрите досега направени. Чи со сопругот Скот ги направиле фотографиите додека биле на семеен одмор во 2018 година. Тие ја снимиле областа во Дорес Ин, а Стив ја убедил да ги објави иако се плашела од јавен потсмев.

„Кога ги фотографирав Скот со ќерка ми Алиса, на околу 200 метри од брегот се појави тоа суштеството. Не ја видов главата или вратот. Исчезна по само неколку минути. Се запрашав дали можеби е видра. Правеше чудни движења на површината и не слушнавме никаков звук. Ги имаше овие чудни форми под површината. Не можев да препознаам никакви бои, водата беше темна“, рече Кели и додаде:

„Дефинитивно беше животно, но не сакав да се изложувам на јавен потсмев и затоа не ги објавив фотографиите. Верувам дека постои нешто во Лох Нес. Има нешто необично, но не знам што. Она што го видов изгледаше како змија.

Стив за фотографиите од Ненси рече дека се највозбудливите досега што ги видел.

„Ова се највозбудливите површински слики на Неси што сум ги видел. И јас сакав да направам и се обидував повеќе од три децении“, рече Фелтам.

Scroll to Top