Човекот еволуирал на друга планета и бил донесен на Земјата од вонземјани

Луѓето еволуирале на некоја друга планета во универзумот и биле донесени на Земјата од страна на вонземска цивилизација. Ова е најновата теорија изнесена од страна на еден научник кој ја анализирал еволуцијата на човековата раса.

Истражувачот и автор доктор Елис Силвер темелено ја истражил човековата раса и нејзината психологија и ја споредил со другите видови на планетата.

Неговиот заклучок е дека човекот не е создаден на оваа планета.

Научниците веруваат дека има многу разлики меѓу нас и другите видови на планетата. Ова само укажува на фактот дека ние всушност сме настанале од некое друго место на универзумот.

Во книгата Humans are not from Earth доктор Силвер го открива фактот дека ние, луѓето, сме чувствителни на сончевата светлина, нешто на што некои од другите видови се имуни.

Силвер истакнува дека рептилите го користат сонцето за да ја регулираат температурата, но луѓето од друга страна го избегнуваат. Преголемата изложеност на сонце може да предизвика кај човекот вртоглавица или мозочен удар.

Поради ова доктор Силвер вели дека човекот е создаден на место на кое нема премногу сончева светлина.

Луѓето исто така страдаат од поширок спектар на болести од другите животни, нешто што доктор Силвер верува дека е уште еден доказ дека човекот настанал од место каде што има помалку сончева енергија и УВ радијација.

„Ние сите сме хронично болни. Навистина, ако можете да најдете една личност која е 100 проценти здрава и не страда од некоја скриена или нестабилна состојба или нарушување, би бил изненаден. Јас досега не открив ниту еден“, вели доктор Силвер.

Истражувачот исто така поентира со фактот дека луѓето редовно страдаат од болки во грбот, нешто што укажува на фактот дека сме настанале на планета каде што оригинално има помала гравитација.

Доктор Силвер нуди многу теории од типот зошто човекот бил донесен на оваа планета. Една од нив е дека вонземјаните ја користат Земјата како еден вид „планета-затвор“, што го објаснува нашето насилно однесување како вид.

„Земјата во голем дел ги задоволува нашите потреби како вид, но можеби не колку што би нè задоволило местото од каде што нè донеле на оваа планета првично“, вели доктор Силвер.

 

 

Scroll to Top