Човекот што ја запре војната во Виетнам и ја доживеа истата судбина како Асанж сега сведочеше во негова одбрана

Еден од најпознатите свиркачи во историјата, Даниел Елзберг, сведочеше во корист на Џулијан Асанж пред судот во Лондон, кој одлучува за барањето на САД за испорака на основачот на „Викиликс“.

Елзберг (89), кого многумина го сметаат за заслужен за крајот на војната во Виетнам, преку видеоврска изјави дека по неколку средби со Асанж, заклучил дека имаат исти аспирации. Елзберг е познат по објавувањето на Документите на Пентагон, со кои ја прекина војната во Виетнам.

Елзберг сведочеше дека целта на Асанж била да ја осветли големата темнина на транспарентност во носењето на одлуките во САД, особено кога станува збор по прашањата за водењето големи војни.

Тој сведочеше дека документите што ги објави „Викиликс“ за испраќањето војници и почнувањето на војните во Авганистан и Ирак покажале дека тортурата станала нормална работа.

„Американската јавност мора итно да знае што рутински се работи во нивно име и затоа немаше друг начин за да разберат. Изнесувањето на неодобрените податоци во јавност беше единствен начин“, навел Елзберг.

Американските обвинители го обвинија 49-годишниот Асанж за шпионажа во 17 точки. Исто така, тој беше обвинет и за злоупотреба на компјутерите по повод објавувањето на тајните воени документи на САД преку неговата интернет-страница „Викиликс“ пред 10 години.

Стануваше збор за документи што содржеа податоци главно за војните во Авганистан и Ирак. Максималната казна што Асанж би можел да ја добие е 175 години затвор.

Исто како и Асанж, и на Елзберг му беше судено по 12 точки од обвиненијата за шпионажа кога на медиумите им даде 7.000 страници доверливи документи од американската војска. Му се закануваше казна до 115 години затвор, но обвиненијата беа повлечени во 1973 година.

Обвиненијата беа повлечени поради недозволениот третман на кој Елзберг беше изложен во тоа време, слично како и Асанж.

Елзберг, кој работеше во Стејт департментот и во Пентагон, изјави дека Асанж нема да биде во можност да ги оправда своите потези ако биде испорачан во САД.

Тој додаде дека Асанж не може да добие фер судење во САД поради тежината на обвинувањата за кој тој се товари дека ги направил.

 

Scroll to Top