Човекот немоќен да ги спречи климатските промени

Обединетите нации порачаа дека сите земји мораат двојно да ги зголемат напорите за да ги намалат емисиите на штетни гасови. Ваквата цел има за задача просечното зголемувањето на глобалните температури да се ограничи на два степена Целзиусови до 2030 година.

Во деветтиот годишен извештај на Програмата на Обединетите нации за заштита на животната средина за емисијата на гасови се истакнува дека ако се продолжи со ова темпо, испуштањето на штетни гасови во атмосферата до 2030 година може да стигне и до 15 милијарди тони повеќе отколку што е потребно.

На тој начин нема да може да се спречи подигањето на температурите за повеќе од два степена.

Во извештајот се истакнува дека емисијата на гасови до 2030 година би требало да биде 55% пониска отколку што била во 2017 година, за просечното зголемување на температурите да се огранични на безбедни 1,5 степени Целзиусови.

Парискиот договор од 2015 година повикува на ограничување на растот на температурата на ниво меѓу 1 и 2,5 степени Целзиусови.

Во извештајот се истакнува дека емисијата на гасови што предизвикуваат ефект на стаклената градина достигнала рекордно ниво од 53,5 тони во 2017 година. Претходните три години било забележано намалување на емисијата на гасови. Исто така, се констатира дека 20 најголеми светски економии, од земјите во Групата 20, не се на пат да ги исполнат своите цели до 2030 година.

Оваа анализа е објавена по минатомесечниот специјален извештај на Интервладиниот панел на Обединетите нации за климатските промени. Во него е заклучено дека зголемувањето на температурите за два степена, за кои претходно се верувало дека се безбедна горна граница, ќе резултира со екстремни временски прилики.

Во извештајот е наведено дека земјите од светот мораат да спроведат брзи мерки за растот на температурите  да се ограничи за 1,5 степен.

„Владите треба да реагираат со некаква климатска акција, што побрзо и колку е можно поитно. Го распламнуваме пожарот, иако  ни се потребни средства за да го гасиме“, вели Џојс Мсуја, заменик-директорката на UNEP.

Во петокот администрацијата на Трамп објавила Национална проценка за климата, која предвидува дека климатските промени ќе ги чинат САД стотина милијарди долари на годишно ниво до крајот на векот.

Донад Трамп во петокот ја отфрли ваквата прогноза.

Scroll to Top