Човештвото на 2 август ги потроши сите природни ресурси, кои Планетата може да ги обнови за една година

Тоа е дури порано отколку минатата година, што значи дека човештвото живее на кредит до крајот на годината.

Луѓето веќе ја искористија целата вода, земја, чист воздух и други ресурси на планетата Земја, кои требале да се користат во текот на цела 2017 година, пренесува Индипендент.

Според еколошката група WWF и Global Footprint Network, својот „џепарац“ го потрошивме на 2 август оваа година, а тоа е обележано како „Ден на пречекорувањето“.

Тоа е дури и порано од минатата година, што значи дека човештвото живее на кредит до 31 декмври.

„До 2 август, сме искористиле повеќе ресурси на нашата планета, отколку што таа може да обнови за година дена. Тоа значи дека само за седум месеци сме емитувале повеќе јагленодиоксид, отколку што океаните и шумите можат да апсорбираат за година дена, сме уловиле повеќе риба, исекле дрва и потрошиле повеќе вода, отколку што Земјата може да произведе за истиот тој период“, стои во соопштението.

Според активностите, за да се задоволат потребите на растечкиот број на жители потребно е дури 1,7 планети за истото пак да се произведе.

Ова се мери од 1986 година, а тој ден никогаш не паднал порано, туку во оваа година.

Во текот на осумдесетите години, тој ден паѓал во ноември, па потоа во 1993 година, во октомври, а во новиот милениум паднал во септември.

Добротворните организации ги советуваат поединците да можат да го сменат овој тренд, ако јадат помалку месо и ја намалат потрошувачката на горива, како и отпадот од храна.

 

 

Scroll to Top