Дали навистина во Америка англискиот го победил германскиот за само еден глас?

Во 1974 група германски доселеници поднела во Претставничкиот дом на американскиот конгрес петиција со молба некои закони да се преведат на нивниот јазик. Конгресот одлучил да расправа за тоа, и така почнал митот.

Недолго откако Соединетите Американски Држави успеале по војната да се изборат за независност од Британската Империја, на крајот на XVIII век се одлучувало кој јазик ќе биде официјален, и англискиот успеал да надвладее во однос на германскиот за еден глас. Во една варијанта од приказната, се одлучувало на референдум, а во друга, во Конгресот. Верзијата за Конгресот е мошне специфична и вели дека гласот на Фредерик Муленберг, првиот спикер на Претставничкиот дом, спречил германскиот да биде прогласен за официјален јазик на оваа земја.

Настанот од кој оваа легенда (да, легенда) потекнува се одиграл во 1794 година, во Претставничкиот дом на Конгресот, кога група германски имигранти побарала превод на поедини закони на својот јазик.

За петицијата се дебатирало во највисокото законодавно тело во САД, но никаква одлука не била донесена. Се гласало за одлагање на понатамошната расправа, 41 конгресмен гласале за одложување, но 42 од нивните колеги гласале против. Никогаш повеќе не се дискутирало за тоа.

Frederik Mulenberg, prvi spiker Predstavničkog doma Kongresa SAD. Foto: Wikimedia Commons/National Portrait Gallery, Smithsonian Institution

Не само што никаква одлука не е донесена туку не се ни дебатирало за официјален јазик. Америка тогаш немала официјален јазик, а го нема ни денес. Англискиот де факто е официјален само поради фактот што го користат мнозинството жители.

Првиот спикер на Претставничкиот дом, Фредерик Миленберг, човекот кој и самиот имал германско потекло, изјавил „што попрво Германците станат Американци, тоа подобро“. Тој во гласањето за одложување на расправата бил воздржан.

Се чини дека легендата настанала од книгата на Франц фо Лоер, германски патник, кој ги набројал достигнувањата на Германците во Америка, а го спомнал и едниот глас во Пенсилванија кој спречил германскиот да стане официјален јазик на таа сојузна држава, а не на цела земја. Наводно, Муленберг го разбил нерешениот резултат со еден глас против.

Foto: Wikipedia/Architect of the Capitol

Ни тоа не било точно, но приказната во наредните децении ескалирала, а причина за конфузијата веројатно лежи во тоа што Филаделфија во тоа време била престолнина на САД и престолнина на Пенсилванија, а притоа и самиот Муленберг, пред да стане спикер во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, бил спикер на Претставничкиот дом на Пенсилванија.

На почетокот на 1920 година многу автори се занимавале со разбивање на овој мит, но тоа не ги спречувало луѓето и понатаму да го повторуваат ова како факт, ниту, пак, ги спречувало во пролиферацијата на новите верзии. Синџирот музеи на Рипли „Верувале или не“ во 1930 година го промени местото и времето на настанот. Тој, според Рипли, се случил во 1774 година во Континенталниот конгрес (законодавното тело во текот на американската револуција).

 

 

Scroll to Top