ДЕА имала докази против синот на Бајден уште во февруари

Според пишувањата и извештаите на „НБЦ њуз“, Американската управа за борба против дрогата (ДЕА) имала документи и докази против синот на американскиот кандидат за претседател, Џо Бајден, Хантер, уште во февруари оваа година, но не презела ништо во врска со тоа.

Според извештајот на „НБЦ њуз“, кој го објавија во саботата, агенцијата ДЕА запленила уште еден лаптоп на синот на демократскиот претседателски кандидат на почетокот на годината.

На средината на октомври беше објавен текст во кој се наведува дека имејловите се преземени од друг пренослив компјутер, лаптоп, кој му припаѓал на Хантер Бајден.

Во него се наоѓале преписките на Хантер со странски официјални лица, што подразбирало организирање состаноци со татко му и тогашен потпретседател на САД, Џо Бајден.

Агентите на ДЕА лаптопот го пронашле за време на пребарувањето на канцеларијата на психијатарот и доктор Кит Аблов во Масачусетс, кој е обвинет за сексуален напад.

Лаптопот потоа повторно му е вратен на адвокатот, но не е јасно зошто тој се појавил во лекарската ординација. „Њујорк пост“ на 15 октомври објави текст што содржел два имејла што Вадим Позхарски, највисокиот претставник на украинската компанија „Буризма“, наводно му ги испратил на Хантер.

Како што пренесува „Њујорк пост“, во еден од имејловите тој му се заблагодарува што му договорил состанок со татко му, а во другиот Позхарски го прашува Хантер како може тој да ѝ помогне на компанијата „Буризма“ и да го искористи влијанието што го има врз Џо Бајден.

Претседателот Трамп во неколку наврати остро ги критикува медиумите поради пропустите да известуваат за наводното корумпирано дејствување на Хантер Бајден во Украина затоа што главните медиуми, освен „Фокс њуз“, ја бојкотираа приказната за можното недолично однесување.

„Твитер“ привремено и ја блокираа.

Scroll to Top