Дејвид Атенборо: Пропаѓањето на цивилизацијата ни е на хоризонтот

Натуралистот Дејвид Атенборо, се појави на конференцијата за климатските промени и предупреди дека се ближи колапс на цивилизациите и уништување на голем дел од природниот свет, пишува „Си-Ен-Ен“.

Зборувајќи на отворањето на церемонијата на COP24 на Обединетите Нации на конференцијата за климатските промени во Полска, Атенборо ги нарече климатските промени најголемата човечка закана во сите овие илјадници години период.

Во неделите кои изминаа пред почетокот на овој настан, од Обединетите Нации беше побарано луѓето од сите земји и нации да ги испратат своите размислувања за климатските промени. Атенборо беше репрезент на публиката. Тој го зазеде местото каде што седат претставници од народите на конференцијата.

„Луѓето си го кажаа своето. Нивната порака беше јасна. Времето одминува. Тие сакаат вие, светските лидери, да донесете одлуки. Да реагирате сега. Лидерите во светот мора да водат. Опстанокот на нашата цивилизација и на природниот свет од кој ние зависиме е во ваши раце“, изјавил Атенборо.

На интервјуто дадено на конференцијата за телевизиската мрежа „Си-Ен-Ен“, Атенборо зборуваше и за штетата која човекот ја прави и со која влијае на планетата.

„Ги надминавме сите граници на нормалното. Ниту едно друго животно во светот нема ефект на планетата како што тоа го има човековиот вид. Треба да бидеме свесни и да ја препознаеме одговорноста која сега ја имаме во нашите раце“, изјави Атенборо.

Запрашан да ја коментира одлуката на Доналд Трамп и излегувањето на Америка од Парискиот договор за климатските промени, Атенборо изјавил дека останува Обединетите Нации да ја продолжат борбата против климатските промени.

„Ве молам приклучете му се на остатокот на светот. Се што остана од светот се обединува и се обидува да превземе акција во врска со ова. Соединетите Американски Држави се многу моќен глас. Ве молам, придружете ни се“, изјавил Атенборо.

Имплементација на Парискиот договор

COP21 во 2015 година доведе до создавање на Парискиот договор, преку кој има за задача да се бори против климатските промени. Со овој договор, земјите се залагаат глобалното затоплување кое се прави преку индустријата, го доведат до максимум два степени целзиусови, а ако е можно бројката да ја сведат на само 1,5.

На COP24, нациите мора да го финализираат имплементирањето на воведот од Парискиот договор, познат и како Paris Agreement Work Program или само како Paris Rulebook.

Конференцијата ќе заврши на 14 декември.

Меѓу светските лидери кои зборуваа на отворањето на церемонијата, се најде и Арнолд Шварценегер. Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија неочекувано го завзеде местото на подиумот, откако претходно беше поканет од страна на австрискиот претседател Александер Ван дер Белен.
Шварценегер, изјавил дека повеќето од луѓето се во право кога зборуваат за отсуството на акција од страна на раководството во Америка.
„Но, грешите кога зборувате дека Америка се откажала од Парискиот договор. Ако погледнете малку подалеку од Вашингтон, ќе видите дека се прави извонредна работа и на државно и ниво на градови во земјата“, изјавил Шварценгер.
Во текот на денот генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутерес го нарече овој настан најважниот собир за климатските промени по донесувањето на Парискиот договор.
„Сеуште не правиме доволно добра работа и не се движиме доволно брзо за да спречиме катастрофалното климатско нарушување“, изјавил Гутерес.
Гутеррес објасни дека поголемиот дел од државите се најодговорни за емисиите на гасови и покрај нивните напори да ги исполнат своите ветувања дадени во Париз.
„Она што ни треба е поголема политичка волја и поголемо лидерство. Ова е предизвик за кој идните генерации лидери ќе судат“, дополнил Гутерес.
Scroll to Top