До ден денешен останува мистерија околу вонбрачниот син и внук на Хитлер

Помлад војник во Првата Светска војна, источно од францускиот град Лил, запознава девојка која му се допаѓа и одлучува да ја наслика.

Тој е Адолф Хитлер, а девојката се вика Шарлот Лобжоје. Сликата која Хитлер ја насликал наскоро ќе биде понудена на аукција за 52.000 фунти.

Сликата ја прикажува Французинката, баш така како што Хитлер во 1916 година ја запознал, во полињата каде косела со црвена марама преку главата и полуголи гради.

За нивната љубовна приказна прв проговорил Жан-Мари-Лор, кој до смртта во 1985 година тврдел дека е нивен син иако тоа досега никогаш не е докажано.

Така му раскажала мајка му. Му кажала дека Хитлер го запознала за време на неговиот престој во градот Fournes-en-Weppе, во текот на војната. Тој имал 28 години, а таа 19.

Го забележала покрај патот како седи и скицира па откако ја наговориле другите девојки, собрала храброст и отишла да види што Хитлер црта.

Ниту откако се спријателиле, не си проговориле ниту еден збор, затоа што тој не знаел француски, а таа не зборувала германски.

Тој сакал, како што велела Шарло да шета по природата. Тоа го инспирирало да почне со говорите со фиктивна публика, кои се однесувале за историјата на Германија.

„Беше љут затоа што не слушав, но освен што не ја разбирав историјата на Прусија, Австрија и Баварија воопшто не ме интересираа“, му рекла таа на синот.

Тврдела дека по неговото раѓање, таа од срам побегнала во Париз, а детето го оставила кај дедото и бабата. Подоцна се вратила.

Раскажала дека Хитлер кон неа се однесувал добро, бил одличен љубовник но и многу љубоморен. Не сакал Шарлот да ја гледаат други.

Жан-Мари бил во војската и се приклучил и во движењето на отпорот против диктаторот за кого не знаел дека му е татко. Кога на крајот на четириесетите години неговата мајка му ја кажала вистината, Жан Мари паднал во депресија.

„Работев без прекин две децении, само за да заборавам. Цели 20 години не сум отишол во ниту едно кино. На крајот целостно ја свртев плочата, прифатив кој ми е татко и почнав да го истражувам неговиот живот, со надеж дека ќе докажам дека сум му син“, изјавил тој.

Никакви генетски тестови не се направени, но Жан-Мари и неговите деца, физички многу наликуваат на Хитлер, пишува Дејли Мејл.

 

 

 

На синот Филип му ја раскажал вистината за неговиот дедо на негова 16 годишна возраст.

„Не сум виновен што сум му внук, тоа не е нешто на кое можам да влијаам“, изјавил Филип.

„Не сум виновен за тоа што се случило во времето на војната, тоа нема врска со мене. Мислам дека е страшно тоа што им го правел на Евреите, но некои работи добро ги направил, ја вратил Германија од работ на колапсот и изградил патишта“, вели Филип кој прочитал 40 книги за диктаторот.

 

Убеден бил дека злото не го наследил, туку дека секој го создава и гради својот живот. Сликата која ја насликал ја купил од фамански индустријалист во 1967 година, а била изложена во голем број на галерии низ Европа.

 

 

Scroll to Top